Според психолозите, браковите се распаѓаат кога партнерите се заглавени во овие две работи

Бракот е една од најчестите теми на разговор во модерното време. Според последните истражувања објавени во Њујорк Тајмс, тој е еден од најдобрите напори кои вреди да ги направите во животот. Да се биде во брак значи да се прави партнерот посреќен и позадоволен, особено ако се соочува со стресен период од својот живот.

Според психолозите, браковите се распаѓаат кога партнерите се заглавени во овие две работи

Комплексноста на бракот: Две движечки сили кои може да го оштетат вашиот однос

Иако бракот може да биде прекрасна награда, сепак, тој исто така е многу комплексен, полн со бројни, токсични работи. Заедно со многуте независни односи и одговорности кои ги имаат брачните партнери, овие движечки сили може да ги нарушат односите и да доведат до несреќен крај. Според Питер Пирсон, терапевт и соосновач на Институтот за партнери, повеќе од 60% од партнерите со кои се соочува тој, се наоѓаат заглавени во овие две движечки сили. Во продолжение погледнете кои се тие и како истите се манифестираат.

1. Избегнување конфликти

Избегнувањето конфликти значи постоење страв и ситуација каде што последиците и емоциите при зборувањето ги надминуваат потенцијалните придобивки кои би доаѓале од дискусиите. Ова обично се случува кога едниот партнер е доминантен, а другиот е потчинет, кога вториот постепено станува согласен со сѐ, заборавајќи на своите мисли, соништа и желби, со цел да го задоволи другиот партнер. Ова може многу да влијае на различни секојдневни, па и други животни одлуки, како што е на пример планирањето семејство. Иако тоа не мора да значи дека едниот партнер го контролира другиот, сепак, со текот на времето доаѓаат на површина нивните вредности, при што со инстинктивно однесување се доведува до неуспешни комуникации и распаѓање на бракот.

Најдобро решение овде е и двете страни да се стремат да ги признаат своите карактерни особини и особините на својот партнер. Ова ќе им овозможи и на двајцата да ги разберат разликите кои постојат во нивниот брак, при што ќе им поттикнат попозитивна комуникација. Со оглед на тоа што избегнувањето на конфликтите е една од основните причини за развод во модерно време, многу е важно брачните партнери да се стремат да го надминат овој проблем.

Според психолозите, браковите се распаѓаат кога партнерите се заглавени во овие две работи

2. Непријателска зависност

Ова е уште една од основните причини за развод, а тоа најверојатно се случува кај брачните парови каде што и двајцата се со висока доминација. Во овој тип врска и двајцата се обидуваат да ја преземат контролата во свои раце и да ги докажуваат своите ставови, без да го слушаат другиот. Тука и двете страни посочуваат со прст еден на друг, префрлувајќи непотребни обвинувања. Како што почнуваат повеќе да се караат, секој се обидува да го дефинира проблемот од субјективна перспектива и да пронајде грешки во својот партнер. Па, овде клучен е компромисот, затоа што многу е важно партнерот да ги признае своите грешки и да го согледа влијанието кое тие го имаат врз нивниот брак. И најважно, тие мора да научат да ги согледуваат аргументите од објективна гледна точка додека ги слушаат коментарите на нивниот партнер.

Иако овие две причини се меѓу најчестите кои доведуваат до развод и проблеми во бракот, тие не се несовладливи. Имено, многу е важно брачните партнери да бидат подготвени да вложуваат и да го подобруваат нивниот брак. Комуникацијата и подготвеноста за слушање еден со друг се од суштинско значење, исто како и разбирањето на меѓусебните вредности и погледи кон животот.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар