Според експертите, храната има големо влијание на расположението и менталното здравје

За некои од вас можеби е очигледно влијанието на храната врз расположението, но зад ова тврдење има и научни докази. Според експертите, овој факт не треба да се игнорира кога станува збор за грижата за менталното здравје. Всушност, можеби ова е првото нешто што треба да го земете предвид кога се чувствувате лошо, анксиозно, нефокусирано или под стрес.

Според експертите, храната има големо влијание на расположението и менталното здравје

Како се храните и колку се чисти и „подмачкани“ вашите дигестивни органи има големо влијание на расположението. Вашиот стомак е како втор мозок поради неговата врска со производството на серотонин, кој го регулира расположението, како и целиот имунитет.

Храната што ја јадеме ќе ги нахрани или лошите или добрите бактерии во нашиот стомак

„Шеќерот, кој често се наоѓа во храната која ја консумираме, ги храни лошите бактерии и прави хаос во телото. Истото важи и за алкохолот, рафинираните јаглехидрати и преработената храна“, изјавила нутриционистката Шона Фолиси.

Таа препорачува да се фокусираме на храна која ги храни добрите бактерии. Овде спаѓаат зеленчуците кои растат над земја, супата од коски и киселата зелка. Ако почнете почесто да консумирате вакви намирници, вашите ум и тело ќе ви бидат благодарни.

Постои директна поврзаност помеѓу здравјето на цревата и мозокот

„Во стомакот има повисоко ниво серотонин отколку во мозокот“, изјавил нутриционистот доктор Волд.

Серотонинот е хемикалијата која е одговорна за „добрите чувства“. Тој е исто така важен за цревата и за функционирањето на нервниот систем, па дури и го подобрува сонот. Па, колку е поздрав вашиот стомак, толку се поголеми шансите вашето тело да произведува серотонин и да ви се подобри расположението.

Дигестивниот систем е најранливата врска на телото со надворешниот свет

Со ова се согласила и доктор Елизабет Тратнер која е специјалист по акупунктура. Според неа, храната која ја внесуваме поминува 3 дена патувајќи низ дигестивниот систем, дозволувајќи им на цревата да ги апсорбираат хранливите материи во крвта и ткивата.

„Вашето целокупно здравје е под големо влијание на она што го јадете“, објаснува таа.

Истражувањата покажале дека нашите стомаци се толку чувствителни и полни со нерви, што често може да се сметаат како втор мозок.

„Дигестивниот систем не размислува за нас, но има голема улога кај многу болести и комуницира со мозокот.“

Па, покрај храната што ја консумирате, таа препорачува да внесувате и пробиотици, но и да избегнувате храна полна со шеќер, естрогени и масти.

Следниот пат кога ќе купувате храна, тестирајте ги овие теории. Купете кисела зелка и некои пробиотици. Се разбира, држете се настрана од преработената храна или барем бидете умерени со неа. Како резултат вашето расположение навистина ќе се подобри.

Сега кога го знаете овој факт, погледнете неколку производи кои ја ублажуваат депресијата и го подобруваат расположението.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар