Спојте го здравото и корисното: Прилагодете ја исхраната според формата на телото

Спојте го здравото и корисното: Прилагодете ја исхраната според формата на телото

Формата на вашето тело влијае на тоа како изгледате, на кој начин ги добивате килограмите, дали ги намалувате со леснотија или прилично тешко… Тоа е првото нешто што треба да го имате на ум кога ќе посакате да го обликувате вашето тело, но и кога ќе посакате да бидете здрави и да му го обезбедите сето она што му е потребно. Затоа, пронајдете ја вашата форма и прилагодете ја исхраната уште денес за да постигнете најдобри резултати.

1-spojte-go-zdravoto-i-korisnoto-prilagodete-ja-ishranata-spored-vashiot-tip-na-gradba-www.kafepauza.mk_

1. Тело со форма на столб

Имате тесни колкови, недефиниран струк и прилично сте рамни, поточно, немате облини. Со ова форма на вашето тело, немате шанси да се здебелите повеќе од потребното, но сепак би требало во вашата исхрана да вклучите што е можно повеќе здрави масти. Јадете што повеќе авокадо, бадеми, лосос, но и протеини на билна база. Заобиколете ја брзата храна и преголемата количина слатки, бидејќи иако сте слаби, би требало да се храните здраво.

2-spojte-go-zdravoto-i-korisnoto-prilagodete-ja-ishranata-spored-vashiot-tip-na-gradba-www.kafepauza.mk_

2. Тело со форма на јаболко

За жал, вие многу лесно се дебелеете, а тешко ги намалувате вишокот килограми. За вас е одлична диетата која вклучува повеќе мали оброци, односно, треба да јадете повеќе пати на ден, но мала количина храна. Храната богата со хранливи влакна, овошје, зеленчук, витамин Ц и млечни производи со низок процент на масти се задолжителни во вашата исхрана. Брзата храна, лебот и зеленчукот кој влијае на тоа да се чувствувате надуено и да имате проблеми со гасовите би требало да бидат што е можно подалеку од вас.

3-spojte-go-zdravoto-i-korisnoto-prilagodete-ja-ishranata-spored-vashiot-tip-na-gradba-www.kafepauza.mk_

3. Тело со форма на круша

Ако имате облини во долниот дел од телото, повеќе отколку во горниот, тогаш вие припаѓате на овој тип градба. Најверојатно се дебелеете во овој дел и имате проблеми со задржувањето на водата во организмот. Консумирајте што е можно повеќе месо, риба, јајца, млечни производи и храна богата со протеини. Лубеницата и ананасот се одлични овошки за вас, бидејќи ќе ве ослободат од токсините кои го забавуваат вашиот метаболизам. Комбинирајте ги со добри билни чаеви, како што е зелениот чај. Намалете ја количината на леб, тестенини и ориз, како и внесувањето на солта.

4-spojte-go-zdravoto-i-korisnoto-prilagodete-ja-ishranata-spored-vashiot-tip-na-gradba-www.kafepauza.mk_

4. Тело со форма на песочен часовник

За среќа, ако припаѓате во оваа категорија, барем се дебелеете рамномерно, па тоа изгледа складно. Би требало да јадете од 5 до 6 помали оброци дневно и да избегнувате слатки. Јадете што е можно повеќе свежо овошје и зеленчук, како и здрави масти и посни протеини. Избегнувајте бел леб, тестенини и ориз и заменете ги овие производи со житарки од цело зрно.

5-spojte-go-zdravoto-i-korisnoto-prilagodete-ja-ishranata-spored-vashiot-tip-na-gradba-www.kafepauza.mk_

Исто така, освен исхраната, за намалување на килограмите важно е и вежбањето, па ви препорачуваме да ги погледнете идеалните вежби за вашата градба на тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар