Спој на различностите: Како да функционираме во средина во која сите сме различни?

Спој на различностите: Како да функционираме во работна средина во која сите сме различни?

Автор: Петар Лазаров

Зошто е тешко да се разбереме со нашите колеги, менаџери, партнери, пријатели, родители, комшии, сограѓани и соселани?!

Едноставно е. Затоа што сме различни!

spoj-na-razlichnostite-kako-da-funkcionirame-vo-rabotna-sredina-vo-koja-site-sme-razlichni-kafepauza.mk

Е сега, проблемот е тоа што нас опкружувањето нè учи и стимулира да не ги сакаме и почитуваме различностите. Згора на тоа, тука се и основните психо-социолошки карактеристики на луѓето, егото и потребата да се рефлектираме самите во другите околу нас. Секогаш, сите заклучоци, мислења, констатации и пресуди ги базираме на тоа како ние би постапиле, направиле во тие ситуации. И доколку нивното нас не ни се допаѓа и не влегува во нашиот прифатен вредносен систем, го отфрламе како неточно и неправилно. Нормално, нашето е секогаш најдобро! Тоа пак, е егото.

Тргајќи од таа перспектива може да се каже дека е многу нормално луѓето меѓусебно тешко да функционираат и да се разбираат. Затоа, единствено што може да направиме е да научиме како да ги прифатиме различностите и да живееме и работиме заеднички кон остварување на поголеми цели и идеи.

На работа поминуваме најголем дел од денот. Постојано сме изложени на притисок од работата и околината. Понекогаш е многу тешко да се справиме со сите колеги околу нас. Со некои едноставно не може да се разбереме.

Print

За да ја намалиме таа бариера и да успееме подобро да се усогласиме со нашите колеги (партнери), еве неколку совети:

1. Почитувајте ги и прифатете ги различностите: Сите сме различни, затоа мора и јас да ве прифатам вас и вие мене. Гледајте на вашите колеги како комплементарни на вас, кои ќе ви помогнат да остварите поголема цел.

„Големи работи се случуваат, кога една идеја добива форма преку контакт со други идеи.“ – Нилофер Мерчант (консултант и автор)

2. Емпатија: Пробајте навистина да влезете во нивна кожа. Емпатијата не е сочувство (карактеристика на добрите луѓе). Емпатијата е вештина која се учи и усовршува. Така подобро ќе ги сфатиме другите и полесно ќе ги прифатиме.

3. Не рефлектирајте: Сите тоа го правиме. Не треба да ги мериме и споредуваме ставовите, мислењата и реакциите на другите со нашите. Со тоа како ние би постапиле. Тоа е нивна работа. Тоа се нивните вредности и верувања. И не е наша работа да ги осудуваме и критикуваме.

4. Прашајте, не претпоставувајте: Бидејќи не се разбираме со луѓето, многу често си правиме филмови. Правиме претпоставки. Во овој случај најдобро е да прашате ако нешто не сте разбрале или сакате да ви се дообјасни.

5. Помагајте: Ако секогаш му помагате на тимот и не се жалите дека тоа не е ваша работа, тогаш и другите ќе се однесуваат исто кон вас. Ако правите добро, со добро ќе ви се врати.

Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар