Совети за совршен маникир

Негувани раце и чисти средени нокти се последица од секојдневните ритуали кои жените ги прават. Ваквиот изглед е очекуван и делува лесен за постигнување, но потребни се време и вештини за да биде секогаш беспрекорен. Погледнете неколку брзи и лесни совети за совршен маникир, кои веднаш можете да почнете да ги практикувате.

1. Не откажувајте се од непотрошеното шишенце со лак во црвена боја. Комбинирајте две нијанси и креирајте нов лак. Земете лак од изминатата сезона или некој што одамна не го користите, претурете го во новиот, ставете малку проѕирен и протресете. Ете ви нов лак со уникатна и шик боја.

Совети за совршен маникир

2. Дајте им шик, младешки изглед на вашите нокти со поставување на светки или украсни токи врз неисушен лак или пак мали парченца тантела.

3. За да ви стои лакот подолго време, обрнете поголемо внимание на врвовите на ноктот. Нанесете два слоја лак и потоа поминете со четкичката по работ на ноктите.

Совети за совршен маникир

4. Секогаш нанесувајте лак по следниов редослед: еден слој безбоен лак за основа, два слоја лак во боја, еден завршен слој безбоен лак за финиш.

Совети за совршен маникир

5. Наместо бели и розови тонови, кога правите француски маникир, пробајте со потемни, воочливи бои. Сина и портокалова комбинација на бои за француски маникир е одлична идеја.

Совети за совршен маникир

6. Ако вашите нокти се обоени со тонови на месо боја, тоа ги прави вашите раце издолжени. Одбирајте розеникави нијанси ако имате светол или среден тен, а земјени тонови доколку вашата кожа е темна.

Совети за совршен маникир

7. Ако одите во козметички салон и не сакате да ги користите лаковите од салонот, донесете си ваш лак и побарајте со тој да ви направат маникир. Вака, дури ќе можете и да си го поправите подизлупениот лак подоцна.

Совети за совршен маникир

8. За да го спречите кршењето и сушењето на ноктите и создавањето на кутикули околу нив, масирајте ги со масло од капсула витамин Е.

9. Помешајте мед и шеќер и со смесата тријте ги рацете и ноктите. Така тие ќе станат меки, мазни и нежни.

Совети за совршен маникир

10. Осветлете ги вашите природни нокти со мало триење на ноктите со памукче натопено со хидроген. Тоа ќе ви помогне во отстранувањето на жолтеникавите наслаги кои се создаваат од цигарите и од темните лакови кои ги користите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Александра Reply

    Кажете ми како најефикасно да го отстранам жолтото од ноктите?
    Фала.

  2. Vesna Reply

    10. Осветлете ги вашите природни нокти со мало триење на ноктите со памукче натопено со хидроген. Тоа ќе ви помогне во отстранувањето на жолтеникавите наслаги кои се создаваат од цигарите и од темните лакови кои ги користите

  3. Adi Reply

    ноктите ми се кршливи на врвовите….се лупат….? Што да направам за да го поправам тоа?*

Остави коментар