Совети за подобар заеднички живот

Започнувањето заеднички живот со партнерот е голем чекор за секоја врска. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да ги надминете најчестите несогласувања кои се јавуваат на почетокот на заедничкото живеење. Совети за подобар заеднички животПроблем: Нечистите садови остануваат во мијалникот сè додека некој не стане пасивно агресивен.

Решение: Кога се работи за задолженијата, сите ние мора да завршиме по некоја валкана работа. На таквата работа најдобро е да се гледа како на добар гест кој го правиме за партнерот. Доколку вашиот избраник ја заврши оваа работа за вас, покажете му дека го цените тоа.

Проблем: Спортскиот натпревар и серискиот филм се емитуваат во ист термин.

Решение: Најидеално решение за овој проблем би било едниот да се откаже и да ја гледа репризата за сметка на другиот. Многу жени во вакви случаи се одлучуваат омилената серија да ја гледаат кај пријателките. Истото важи и за мажите кои можат да го следат натпреварот кај некој пријател. Денес од голема помош е и технологијата која овозможува снимање на програмата. Совети за подобар заеднички животПроблем: Неговиот другар повторно престојува во вашиот дом.

Решение: На почетокот многу парови преговараат за заедничкиот простор во домот и просторот во кој би ги сместиле гостите. Затоа потребно е да постават основни правила со кои секој член во домот ќе се чувствува удобно. Доколку најавениот гостин не му се допаѓа на партнерот, најдобро е да го сместите во хотел. На тој начин ќе го сочувате мирот во врската.

Проблем: Подот од купатилото е постојано влажен, а огледалото е испрскано со дамки од паста за заби.

Решение: Оставањето мали вирчиња вода зад себе е нешто што жените не можат да го поднесат. За овој проблем има само едно решение, а тоа е секој да внимава зад себе и да ги остави работите такви какви што ги нашол. Ако партнерот „заборави“ на ова правило, предложете му следниот пат да облече чорапи и да згазне во вирчето што го направил.

Проблем: Дали секој да ги подмирува своите трошоци или да отвориме заедничка сметка во банка?

Решение: Парите се многу чест проблем за секој пар кој започнува заеднички живот. Финансискиот стрес е нормален и може да предизвика долгорочни ефекти доколку не функционирате како тим. За да се реши ваков проблем потребно е да ги „отворите картите“. Што ако се случи еден од вас двајца да ја загуби работата? Зошто сте „за“, а зошто „против“ заедничка сметка? Запишете ги одговорите и анализирајте ги. Така ќе го добиете одговорот на вашата дилема. Совети за подобар заеднички животПроблем: Сами, а заедно.

Решение: Нормално е после напорен ден да дојдете дома и веднаш да сакате да се изолирате од партнерот. Наместо тоа, одвојте неколку минути за прегратка и накратко објаснете му на партнерот колку тежок ден сте имале. Така партнерот ќе ја сфати вашата потреба за изолација, а вие ќе можете да се повлечете без тој да мисли дека го игнорирате.

Проблем: Тој сака целовечерна забава во дискотека, додека таа сака да ја преспие ноќта.

Решение: Колку повеќе време сте заедно, толку помалку ќе ви значи индивидуалноста на партнерот. Со текот на времето настанува еден вид на постепена смрт на индивидуализмот. На почетокот може да биде многу тешко да се издржат различните идентитети. Доколку имате голем проблем со усогласувањето на социјалните навики, ни вие, а ни партнерот не треба да заборави дека треба да е благодарен што има некој кој го чека да се врати дома. Совети за подобар заеднички живот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Горан Reply

    Немам совет потребен ми одговор имам врска со лице во странство,постојано јас и се јавувам комуникацијата е од моја страна ,кога се гледаме потребен и е само секс со мене несака да ја помине ноќта,со мене ниту да шета на јвни места кога јас патувам кај нејзе во русија ве молам за одговор.

Остави коментар