Совети за одржување на долгите врски

Дали чувствувате дека возбудата во вашата врска исчезнува? Нормално е во долгите врски да има периоди кога ви се чини дека онаа првичната магија веќе ја нема. Но, тоа што сте долго време во врска не значи дека повеќе не чувствувате, туку напротив, вашите чувства еволуирале, станале појаки и поцврсти. Сепак, не смеете да дозволите вашата врска да се претвори во навика.

Совети за одржување на долгите врски

1. Смејте се заедно

Смислата за хумор може да ве расположи кога денот ви е лош. Можноста да го насмеете вашиот партнер е знак за виталност во врската, тоа значи дека заедно можете најдобро да ги искусите среќните моменти во животот. Дури и кога нештата ќе тргнат наопаку, моќта да се насмеете на ваша сметка и да успеете да ја извлечете хумористичната страна на ситуацијата, ќе спречи кавги и ќе ја одржи вашата врска во живот.

2. Не воздржувајте се, покажете ја вашата љубов!

Кажувањето „Те сакам“ често оди во пакет со сè она што ви се претворило во рутина, навика. Но, изразувањето на вашата љубов никогаш не е само навика. Без оглед на тоа колку долго сте во врска, вашата љубов изразувајте ја со дела. Не заборавајте да си ги праќате оние тајни погледи полни со љубов, да се држите за рака, слатко да се насмеете или да го/ја бакнете кога најмалку очекува. Така докажувате дека вашата врска не е рутина, таа е жива страст која не се бори за опстанок туку се развива со текот на годините.

Совети за одржување на долгите врски

3. Бидете отворени за нови искуства

Не е вистина дека возбудливите моменти се случуваат само на почетокот на врската, секогаш внесувајте нешто ново со цел страста да постои. Не ограничувајте се себеси, бидете отворени за нови искуства. Љубовта не е затворена во вакуум, туку мора да ја развивате за да опстои. Подарете си време еден на друг, не заборавајте да ги имате оние долги исполнувачки разговори, обрнете внимание на она што и двајцата ве прави среќни.

4. Бидете дарежливи

Подарете му/ѝ време, внимание и нежности, но исто така бидете благодарни за она што вашиот партнер ви го подарува вам. Покажете не само дека го цените вниманието кое го добивате, туку и дека сè уште ви е потребно. Дарежливоста и благодарноста за она што го добивате ќе создаде топли чувства и од двете страни.

5. Не губете го вашиот идентитет како индивидуа

Секако дека е важно да функционирате добро како пар, но една од најголемите грешки е целосно да зборавите на себе и да дозволите вашиот идентитет да се слее во врската. Дајте му/ѝ простор да дише и да биде свој/а, а истото направете го и за себе. Да се биде близок со некого не значи да се изгуби секакво чувство на карактерна одвоеност. Партнерите би требало да се надополнуваат во своите разлики и да се прифатат такви какви што се, а не да се изгубат себеси и да станат нешто што не се.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар