Совети за одгледување собни растенија – Филодендрон

Совети за одгледување собни растенија – Филодендрон

Филодендронот (Monestera deliciosa) претставува растение кое потекнува од шумите на Средна Америка, поконкретно Мексико. Со своите раскошни листови, погоден е за чување во поголеми простории, хали и ходници. Совети за одгледување собни растенија - филодендронТерминот deliciosa се однесува на тоа дека растението има јадливи плодови кои се јавуваат кај постарите растенија. Плодовите се жолти до бледо кафени. Ако ги оберете прерано имаат вкус на окасална киселина, а предоцна, веќе се трули. Филодендронот е растение кое бара многу влага и храна и има потреба од некаква потпора за да може убаво да се развие. Совети за одгледување собни растенија - филодендронЕве неколку корисни информации за вашиот Филодендрон:

  • Најдобра местоположба за него е позади ролетни или завеси, никако директно изложен на сонце. Оптималната температура е 20-35 степени Целзиусови.
  • Во зимскиот период растението не толерира температури под 12 степени. Пожелно би било да го внесете дома бидејќи централното греење не му пречи.
  • Филодендронот не мирува. Единствено во зимскиот период ширењето на листовите е редуцирано.
  • Што се однесува до храната, најправилно би било да го храните со хумус или да го засадите во тресетишна земја. Осигурајте се дека ќе одберете голема и длабока саксија бидејќи брзо расте и развива големи корења.
  • Наводнувајте го често преку целата година. Филодендронот сака вода. Дохранувајте од март до септември.
  • Се размножува лесно. Коренот се развива без поголеми тешкотии.

Совети за одгледување собни растенија - филодендрон
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. bidi in Reply

    Ve molam ako moze da napisete statija za drvo na zivotot

Напиши одговор на bidi in Откажи одговор