Совети за одгледување собни растенија – Фикус

Во родот Фикус (Ficus) припаѓаат убави, многубројни и разновидни видови со декоративни карактеристики кои се одгледуваат и во домот. Во овој род припаѓаат околу 1.000 видови кои имаат потекло од тропските и суптропските предели на Земјата. Најпознатото растение од овој род е смоквата (Ficus carica). Совети за одгледување собни растенија - ФикусРазлични фамилии од родот Фикус се користат за најразлични цели. На пример, Hevea Brasilensis (млечка) е растение кое лачи млечен сок од кој со преработка се добива каучук. Други значајни видови се: Ficus lyrata (4 добро нахранети листа од овој вид можат да препокријат површина од 1 метар квадратен), Ficus benjamina (расте во вид на грмушка со свенати гранки), Ficus triangulata (вид кој има троделни дебело-кожести листови).Совети за одгледување собни растенија - ФикусСобниот вид Ficus elastica е поим за современа лисната декоративна билка. Тој е и најстар претставник од овој род. Собниот Фикус расте брзо и е прилично високо растение. Листовите му се дебели и кожести, што значи дека ќе треба редовно да му ги бришете. Фикусот сака топлина, но не директна изложеност на Сонце. Во природни услови тој може да порасне и до 30 метри.Совети за одгледување собни растенија - Фикус

  • Фикусот сака светло место, но не изложувајте го директно на Сонце. Ако го поставите на темно место, ќе расте бавно, па може дури и да угине. Оптимална температура за негов раст е 18-25 степени Целзиусови.
  • За време на зимата сака постудено и влажно место, па во зимските месеци налевајте го еднаш неделно, а во лето два пати недело.
  • Додека е младо треба да му поставите некоја потпора бидејќи ќе се развие на криво.
  • Размножувањето може да го правите со резанки од стеблото (10-20 см), со тоа што може да ги поставите во вода на температура од околу 20 степени и откако ќе пуштат коренчиња, да ги пресадите во земја. Исто така може да искористите резанки од листовите.
  • Најпогодна почва за растење е мешавина од богат хумус, листови, тресет и песок.
  • Треба да внимавате кога го полевате да не го правите тоа често бидејќи премногу вода доведува до скапување на растението. Ако забележите дека големите листови отпаѓаат знајте дека треба да скратите на вода.

Совети за одгледување собни растенија - Фикус
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Стив Џобс почина. Сега нема кој да ни продава вода по цена на бензин (via едно другарче). So true.
За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар