Совети за беспрекорна новогодишна шминка

Дочекот на новата година е на прагот. Веќе го имате на закачалка она што ќе го облечете, ги најдовте и совршените чевли, одлучивте како ќе ја носите косата. Останува уште да се потрудите вашата шминка да биде беспрекорна, и тоа во секоја смисла, трајна и со одличен изглед.

Светкавите очи и црвените усни се секогаш прв избор на девојките кои сакаат празнично да ја дочекаат новата година. Но, тоа не е единствениот стил кој можете да го примените оваа ноќ. Можете да изберете еден дел од вашето лице и да се посветите комплетно на него за да го истакнете на вистинскиот начин. Понекогаш тајната на добрата шминка не е во она што ќе го нанесете, туку во она што нема да го нанесете.

Совети за беспрекорна новогодишна шминка

1. Покорете им се на светките

Светките се секако добар избор за новогодишната ноќ, но не треба да претерате со нанесувањето. Избегнувајте да ги ставате на изразените делови од очите. Ставете само на внатрешните ќошиња од очните капаци или на средината. Мислете како ќе изгледате од секој агол и под секакво светло.

2. Трајни усни

За време на оваа ноќ, вашите усни многу пати ќе ја допрат чашата, но и образите на другите луѓе со кои ќе си честитате откако ќе отчука 12 часот. Навистина убаво изгледаат сјајчињата со светки, но тоа веројатно не е добар избор баш за оваа ноќ. На никој нема да му биде пријатно да му залепите од вашиот сјај на лицето, ниту пак да носи остатоци од вашата шминка на себе. Згора на сè, често ќе треба да посегнувате по вашата чанта со цел да го обновите сјајот на вашите усни кој претходно сте го оставале насекаде. Изберете кармин со трајна формула, со мат кадифест ефект и доволна влажност.

3. Добра основа

Веројатно ќе носите повеќе шминка од вообичаено, но сигурно и ќе се потите многу повеќе. Затоа треба добро да се посветите при нанесувањето на пудрите за да обезбедите подолга трајност. Најпрво направете блага ексфолијација на кожата, а потоа почнете со нанесување на подлога, врз која ќе ја нанесете течната пудра и пудрата во прав. Задолжително носете си впивливи марамчиња во чантата за повремено да ги отстранувате избиените остатоци шминка на површината.

4. Бидете модерни

Лошата шминка може да ви го уништи целокупниот изглед. Затоа, додека се шминкате мора да го земете предвид она што ќе го носите. Доколку носите светкава облека, најдобро ќе биде да се држите до едноставен изглед на вашето лице, со исцртани очни капаци, без сенки во нападни бои. Можете да изберете секаква боја, но водете сметка и за местото каде ќе ја прославувате новата година. Ако носите црвен коктел-фустан, дефинитивно не шминкајте ги усните во иста боја. Истакнете ја структурата на вашето лице со неутрално руменило. На образите треба да има малку или скоро воопшто руменило.

Погледнете и два предлога за новогодишна шминка:

Мачкини очи со сребрени светки

Светкави зачадени очи во сино-сива комбинација




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар