Совети од шамани што можат да ви помогнат во секојдневниот живот

Врховниот шаман од Тува дава неколку совети за знаците во животот кои треба да научите да ги забележувате. Тој советува за среќата, радоста и богатството. Прочитајте ги и секогаш сетете се на нив кога треба да направите нешто важно во животот.

1-soveti-od-shamanite-koi-mozhe-da-vi-pomognat-vo-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

1. Кога одите по пат и забележите перо што лежи на земјата, подигнете го и однесете го дома. Можете да го ставите во вазна, да го закачите, или само да го ставите на некоја полица. Тоа е моќна амајлија, која ви ја подарило небото. Забележувајте ги таквите знаци на Духовите.

2. Собирајте камења од реката. Тие поседуваат голема сила и енергија.

3. Со сите сили обидувајте се да им помагате на другите. Ако не можете да им подарите радост, барем не им наштетувајте.

4. Тешкотиите се формалност! Сериозните тешкотии се сериозни, но формални. Постои небо, понекогаш е прекриено со облаци, но треба да се обидете да се издигнете над тие облаци и ќе го видите истото сино небо.

5. За да се приближите до своите соништа, понекогаш е доволно да направите само еден чекор. Не плашете се од тешкотиите, нив секогаш ќе ги има. Нека сите вас ве следи бел пат во сите ваши потфати.

6. Вашиот првенствен морален принцип мора да биде откажување од нанесување штета на кој било. Овој принцип во вашиот живот мора да биде многу цврст, така што ќе си велите: „Јас никогаш нема да наштетам никому.“ Размислете…

7. Кога ќе станете извор на среќа на живите суштества, и вие самите ќе станете посреќни. А, ако сте станале извор на болка за другите, вие први ќе станете несреќни.

8. Најмалку еден час дневно поминете во тишина… Таа ви е потребна исто како и комуникацијата.

9. Умеењето да се сака е најголемата способност што постои на Земјата. Научете да сакате сѐ, па дури и вашите непријатели.

2-soveti-od-shamanite-koi-mozhe-da-vi-pomognat-vo-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

10. Не фрлајте го ѓубрето во вода. Никако! Духот на водата може да се налути. За да се смири Духот на водата можете во водата да фрлате леб, млеко или парички.

11. Обично своето минато го нарекуваме златна доба, златни денови. Тоа е грешка. Важно е да сфатите дека секој момент кој доаѓа во вашиот живот е всушност златно време.

12. Не постои совршена религија и вера, но не постои ни лоша, бидејќи Бог е еден. Затоа молете се кому сакате, но имајте предвид една многу важна заповед: Живејте според совеста, почитувајте ги своите предци, сакајте.

13. Ако сакате да го промените светот, прво променете се себеси. Научете дека поседувате енергија на радост и енергија на љубов. Ова се главните моменти и доживувања на човекот. Насмевката, смеата и радоста, поседуваат огромна сила. Кога ќе го научите тоа, ќе ја откриете љубовта за себе.

14. Постои доста добра изрека: „Не сечете ја раката на оној што дава.“ Ако е можно, обидете се да им давате на сиромашните и на оние кои им е потребно. Не е важно што ќе биде тоа, важен е самиот процес.

15. Животот е краток временски период. Не трошете го на расправии и солзи, навредување и алкохол. Можете да создавате добро, да раѓате деца, да се одмарате и да правите многу други убави работи.

16. Ако вашиот сакан човек започнал да беснее на вас, и ако вие не сте виновни за неговото однесување, тогаш прегрнете го и држете го цврсто. Тој ќе се смири.

17. Ако ви е тешко на душата и чувствувате замор, едноставно пејте… Пеењето е она што го сака вашата душа. Таа понекогаш сака само да прозбори.

18. Секогаш имајте на ум: Не постои најисправна религија, не постои најисправна вера, ниту најмудри свештеници. Бог е еден. Бог е врвот на планината, а разните вери и религии се патиштата кон тој врв. Молете се кому сакате, но знајте, главната цел не е да бидете безгрешни, туку да го достигнете и спознаете Бог.

19. Ако сте одлучиле да правите нешто, не се сомневајте во себе. Стравот ве тера да се откажете од првиот обид, бидејќи тој е средство на злото. Притоа не губете надеж ако нешто не ви успеало од прва. Секоја мала победа ве приближува кон големата.

20. Запомнете една многу важна работа во животот: Секој го добива тоа што го заслужил. Не пуштајте си ги проблемите во душата и мислите, бидејќи само така нема да достигнат во вашето тело.

3-soveti-od-shamanite-koi-mozhe-da-vi-pomognat-vo-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

21. Животот може да ви го сврти грбот, но ретко кој сфаќа дека самите си го превртеле. Сите лоши мисли упатени кон другите се враќаат кон вас. Целата завист, исто така, на крајот доаѓа кон вас. Зошто ви е потребно тоа? Живејте спокојно и одмерено, не треба да завидувате на ништо. Па што ако некој има подобар автомобил од вас, неговиот образ нема да биде подобар поради автомобилот! Смејте се почесто, и со насмевка ќе ви одговараат случајните минувачи, вашите блиски, па дури и самиот живот.

22. Ако сакате да ве почитуваат, со почит однесувајте се кон другите. На доброто одговарајте со добро, на злото одговарајте со рамнодушност. Човекот кој ви нанел зло, најмногу ќе пати од тоа што не сте обрнале внимание.

23. Немојте да пиете. Воопшто, не пијте. Алкохолот ги уништува организмот, мозокот и душата. Алкохолот навистина убива, не правете глупости. За да се опуштите постои сауна, за да се развеселите постои песна, за да пронајдете заеднички јазик постои чај, а за да се запознаете со некоја жена постојат слатките.

24. Не жалете за ништо, тоа е непотребно. Сѐ што се случува, се случува по ваша волја, и сѐ води кон подобро.

25. Со слушањето добра музика се чистите од негативната енергија која ја акумулирате во текот на денот. Музиката е своевидна медитација која може да ви помогне да почувствувате хармонија со самите себе.

26. За да дишете подобро, да не ве гуши срцето, научете да плачете!

27. Секоја жена купувајќи производи, ги купува идните среќни денови за своето семејство. Секое свежо, убаво, сочно овошје или зеленчук со пријатен мирис е среќен ден и спокоен живот за тоа семејство. Мажите, од друга страна, треба да ѝ обезбедат пари на таа жена, така што таа ќе може да избира најквалитетни производи. Семејството кое штеди на производите станува сиромашно и несреќно, бидејќи штедењето на производите е штедење на среќата на своите родени.

28. Ако чувствувате дека не ви е добро и дека сте загрижени поради нешто, започнете да изведувате лесно движење на телото во вид на танц. Ќе ја вратите својата енергија во претходната состојба и ќе го исчистите умот од болката.

Погледнете ги и овие 8 места во светот коишто можат да ја подобрат вашата физичка и ментална добросостојба.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар