Состанувањето со ист тип личности кажува многу за вас!

Ако постојано се состанувате со ист тип личности, повторно и повторно, дефинитивно треба да го прочитате ова!

Постојат неколку работи коишто треба да ги знаете за вашиот карактер, а коишто ве прават подложни на привлекување и останување со неурамнотежени партнери. Важно е да обрнете внимание на ова, бидејќи тоа може да ви помогне да привлекувате подобри луѓе во вашиот живот. Погледнете ги овие осум типови луѓе и што за вас вели состанувањето со нив.

0-sostanuvanjeto-so-ist-tip-lichnosti-kazhuva-mnogu-za-vas-kafepauza.mk

1. Нарцисоидни

Опис: Нивниот шарм, талент, успех, убавина и харизма фрлаат магија врз вас и врз луѓето околу вас. Нивниот разговор е брилијантен. Откако ќе станете зависни од нив, ќе почнете да се борите со нивните барања, критики и егоцентричност.

Значење: Постојаното состанување со нарцисоидни личности може да значи дека и вие сте нарцисоидни. Ако сте нарцисоидни, честа заблуда е дека ве сака некој како вас. Нарцисоидните луѓе честопати се привлекуваат и тоа е многу опасно – ним им е потребна една минута заедно и веќе наредната ќе се борат чии потреби се на прво место. Нарцисоидноста може да се излечи со храброст, време и посветеност на себе.

2. Емоционално недостапни

Опис: Овие личности не покажуваат страсно дека се заинтересирани за вас. Тие се полни со изговори и се многу неодлучни, а исто така многу зборуваат за минатото. Тие лесно може да ви кажат дека им се допаѓате, но дека не се спремни за врска од какви било причини.

Значење: Постојаното состанување со емоционално недостапни личности може да значи дека вие не се чувствувате дека заслужувате нешто. Ова може да потекнува од вашето минато, односно поради тоа што не сте успеале да задржите некој којшто бил значаен за вас, некој кој имал суштинско значење во давањето поддршка во вашиот живот или пак некој кој бил насилен или не ви обрнувал внимание. Како резултат на тоа, кај вас останало чувството дека не сте достојни. За да го поправите ова, потребно е да почнете да им се спротивставувате (и да им простувате) на личностите со коишто не сте успеале во вашето минато.

1-sostanuvanjeto-so-ist-tip-lichnosti-kazhuva-mnogu-za-vas-kafepauza.mk

3. Личности коишто мора да бидат поправeни

Опис: Тие се чувствуваат „под“ вас, а вие ги сметате за дијамант. Личноста којашто денес стои пред вас не е одлична, но сигурно има потенцијал.

Значење: Постојаното запознавање вакви личности може да значи дека често правите изговори за некои работи или за нешто што направил некој друг. Затоа, се впуштате во врски каде што покажувате екстремно трпение, подготвени да поправите сè. Ова најчесто доаѓа како резултат на некоја грешка во минатото. Со цел да пронајдете некој којшто ќе ви одговара, потребно е да престанете да се обидувате да го надоместите она што сте го пропуштиле.

4. Личности со фобија од врзување

Опис: Овие личности имаат историја од кратки љубовни врски и можеби никогаш нема да се оженат/омажат. Тие имаат неколку изговори зошто сè уште немаат ја запознаено вистинската личност. Тие има оправдување за своите минати настани, велејќи дека сè уште има доволно време. Една од нивните омилени фрази е „Еден ден…“

Значење: Постојаното состанување со вакви личности може да значи дека сте сиромашни. Да се биде постојано сиромашен, без разлика дали во емоционална или во друга смисла, значи дека привлекувате личности коишто чувствуваат дека треба да ве „спасат“ (но не е неопходно да се посветат на вас). Да се биде ваква личност значи дека вие постојано ќе имате потреба од вниманието на личноста од спротивниот пол, без разлика колку тоа внимание е мало или ретко. Ова вообичаено се среќава кај луѓето коишто наеднаш прекинале некоја врска од минатото. За да сретнете силна личност со која ќе можете да останете треба да се залагате за виталните вредности на љубовните врски.

2-sostanuvanjeto-so-ist-tip-lichnosti-kazhuva-mnogu-za-vas-kafepauza.mk

5. Мрзливи

Опис: Ним им треба помош, а помагајќи им често, вие се ставате на опасен пат. Ниту вие, ниту вашата врска не добива ништо од тоа што тие ви земаат.

Значење: Постојаното запознавање вакви личности може да значи дека вие сте несигурни. Да се биде несигурен и да се има мала самопочит може да привлече „сиромашни“ личности коишто ќе ве искористуваат. Многу е важно да изградите високо ниво на самопочит уште пред да се впуштите во врска, со што ќе им дадете до знаење на мрзливите луѓе дека не ви се потребни. Луѓето коишто се сигурни во себе имаат помала шанса да привлечат мрзливи личности.

6. Насилници

Опис: Овие личности ве обвинуваат за работи коишто не се ваша вина. Тие зборуваат со вас како да сте дете. Тие ве критикуваат вам, а дури и вашето семејство.

Значење: Состанувањето со овие личности може да значи дека имате проблеми со поставување емоционални граници. Вие не знаете инстинктивно каде да ги поставите границите на емоционалната одговорност за себе и за другите. Ова вообичаено произлегува од тоа што ги преземате како свои туѓите емоции, за коишто вие всушност не сте одговорни. Кога јасно ќе се поставите за што имате одговорност и каде таа завршува, вие ќе умеете подобро да се справувате со вашиот живот.

3-sostanuvanjeto-so-ist-tip-lichnosti-kazhuva-mnogu-za-vas-kafepauza.mk

7. Личности на кои лесно може да им се влијае

Опис: Овие личности ќе се согласат со сè што ќе кажете. Тие имаат ниска самодоверба и не се во можност да го искажат своето мислење.

Значење: Постојаното состанување со вакви личности може да значи дека вие сте личност којашто сака да контролира. Ако се пронаоѓате во ова, тогаш лесно можете да привлечете личности на коишто ќе можете да им влијаете. Овие личности ќе ве сакаат бидејќи тие ќе се фалат со вашите особини коишто тие не ги поседуваат. За жал, ваквите личности никогаш не се менуваат.

8. Зафатени

Опис: Овие личности се женети/мажени, верени или пак во романтична врска со некој/а друг/а. Запаметете, ако тој/таа е во брак, но моментално се разделени, тоа сè уште значи дека тие се зафатени.

Значење: Постојаното запознавање вакви луѓе значи дека имате мала самодоверба. Без оглед на изговорот, ако сте во „врска“ со некој којшто е во друга врска, самите се изложувате на најниските форми на самопочит. Исто така ова дополнително може да ја влоши и состојбата со вашето семејство.

4-sostanuvanjeto-so-ist-tip-lichnosti-kazhuva-mnogu-za-vas-kafepauza.mk

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар