Сок од пченична трева за повеќе енергија, имунитет и природна боја на косата до длабока старост

Сок од пченична трева за повеќе енергија, имунитет и природна боја на косата до длабока старост

Овој неверојатен рецепт ќе ви помогне да ја повратите животната енергија и да го зајакнете имунитетот, а притоа нема да мора ни да се фарбате затоа што нема да имате бели влакна на косата.

1.sok-od-pchenichna-treva-za-povekje-energija-imunitet-i-prirodna-boja-na-kosata-do-dlaboka-starost-kafepauza.mk

Доаѓањето на убавите сончеви денови е идеално време за чистење на организмот од токсини. Еден од најдобрите начини за тоа е терапијата со трева од пченица која се смета за една од најсилните средства за детоксикација.

Пченичната трева делува како чиста сончева енергија, а само 7,5 грама имаат еднаква хранлива вредност како 175 грама моркови, салата или целер. Оваа терапија за чистење на организмот била позната уште од времето на фараоните.

Денес се соочуваме со секојдневни стресови, загадена околина, штетни зрачења и нездрава исхрана, па затоа способноста за детоксикација на тревата од пченица е поважна од кога било.

Ако се чувствувате уморно, лошо и постојано сте деконцентрирани, тогаш ваквото чистење на организмот може да ви помогне да ја вратите енергијата и да го подобрите здравјето.

Знаци кои покажуваат дека ви е потребна детоксикација:

  • Главоболка
  • Алергија
  • Проблеми со кожата
  • Непријатен здив и лош мирис на телото
  • Лошо варење на храната
  • Надуеност и гасови
  • Дебелеење или претерано слабеење
  • Запек
  • Замор, лоша концентрација, слабо памтење
  • Депресија
  • Предвремено стареење

Предности на тревата од пченица

2.sok-od-pchenichna-treva-za-povekje-energija-imunitet-i-prirodna-boja-na-kosata-do-dlaboka-starost-kafepauza.mk

Тревата од пченица содржи повеќе од 100 елементи кои му се потребни на човекот, а меѓу нив се основните масни киселини, некои важни ензими и антиоксиданси.

Еден од поважните елементи е хлорофилот, на кој отпаѓа околу 70% од составот на пченичната трева.

Хлорофилот е важен за исфрлање на отровите и тешките метали од телото. Тука се и витамините А, Б, Б17, Ц, Е, Ф и К, како и минералите калиум, железо, магнезиум и калциум.

Пченичната трева го зголемува бројот на црвените крвни клетки, ги чисти крвта и другите органи и го стимулира метаболизмот. Поради големата застапеност на хлорофилот, тревата од пченица ја збогатува крвта со кислород. Ефикасно го чисти црниот дроб и ги неутрализира токсините. Ја поттикнува работата на тироидната жлезда и ја намалува киселоста во организмот.

Сокот од пченична трева ја враќа бојата на влакната на косата

Редовното консумирање на свеж сок од млада пченична трева ни нуди многу предности, а една од нив е тоа што можеме да го забавиме растот на белите влакна и да ѝ ја вратиме природната боја на косата.

Вистинска приказна: Има 82 години, а нема ниту едно бело влакно!

4.sok-od-pchenichna-treva-za-povekje-energija-imunitet-i-prirodna-boja-na-kosata-do-dlaboka-starost-kafepauza.mk

Д-р Ен Вигмор прва го промовирала сокот од млади зелени житарици. Таа детално ги истражила својствата на сокот од млада пченица и го развила, потоа детално го опишала процесот за одгледување млада пченица во плитки садови во куќа или на кое било место. Вигмор измислила и евтин соковник за млада пченица со цел да го направи овој животен еликсир достапен за секого.

Сокот од трева од пченица воедно е и одличен чистач на крвта и помага во подмладување и регенерација на кожата.

Поради високото учество на хлорофилот, како и на аминокиселините, минералите, витамините и ензимите, тревата од пченица има широк спектар на здравствени придобивки и лековити својства.

Почнете да пиете секој ден по 30 милилитри сок, па постепено можете да ја зголемувате дозата до два пати на ден по 30 милилитри.

3.sok-od-pchenichna-treva-za-povekje-energija-imunitet-i-prirodna-boja-na-kosata-do-dlaboka-starost-kafepauza.mk

Еве како да одгледувате трева од пченица:

  1. Потопете ги зрната пченица и оставете ги да стојат така 8-12 часови.
  2. Ставете ги зрната во стаклена тегла и во текот на наредните 24 часа исплакнете ги три пати.
  3. Кога ќе почнат да се гледаат ‘ркулци, посадете ги зрната плитко во земјата. Односот треба да биде 1 дел ѓубриво на 3 дела земја.
  4. Налејте ја засадената пченица и покријте ја теглата во првите три дена за да не се исуши. Во текот на тие три дена, добро налевајте ја наутро, а навечер само пропрскувајте ја со вода.
  5. Четвртиот ден откријте ја теглата и зрната нека бидат на индиректна светлина.
  6. Идеалната температура за растење на пченицата и спречување појава на мувла е од 21 до 26 степени Целзиусови. Ако се појави мувла тогаш почнете да одгледувате нова трева од пченица.
  7. Тревата од пченица можете да ја сечете кога ќе порасне околу 20 сантиметри. Два дена пред да ја сечете, изнесете ја надвор на сонце за да дојде до синтеза со хлорофилот.
  8. За ново одгледување користете нови зрна и земја.
  9. Сокот од трева од пченица можете да го исцедите со помош на соковник или да ја сомелете во блендер заедно со вода.

Сок од трева од пченица

Измешајте ги следниве состојки во миксер:
  • 30 милилитри сок од пченична трева
  • една лажица нане
  • 225 г ананас
  • 240 мл сок од портокал
  • 120 мл сок од лимон
  • една лажичка мед
  • Мраз по желба


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар