Сочни лазања ролни со неодолив вкус

Ручек кој редовно ќе го правите

Сочни лазања ролни со неодолив вкус

Потребни состојки:
  • 12 кори за лазања
  • 1 лажичка маслиново масло
  • ½ црвен кромид, ситно исечкан
  • 150 г шампињони, исечкани
  • ½ црвена бабура
  • 300 г спанаќ, исчистен
  • 2 печени пиперки, исечкани
  • 2 чешниња лук, исечкани ситно
  • 500 мл доматен сос
  • 425 г сирење рикота
  • 220 г рендана моцарела
  • 1 јајце
Начин на подготовка:

1. Рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови.

2. Во едно тенџере ставете вода и оставете ја на оган дури да почне да врие. Посолете ја водата и сварете ги корите за лазања. Откако ќе се сварат извадете ги на крпа и оставете ги да се исушат и оладат.

3. Во тава ставете го маслиновото масло и загрејте го на средна топлина. Додадете ги кромидот и лукот и пржете 4-5 минути. Потоа додадете ги печурките, бабурата, спанаќот, печените пиперки и гответе додека спанаќот не омекне, постојано мешајќи. По 4-5 минути исклучете ја ринглата и префрлете го зеленчукот во сад.

4. Во садот со зеленчукот додадете го сирењето рикота, ¾ од моцарелата и јајцето и сите состојки убаво измешајте ги.

5. Земете една тава за печење и испрскајте ја со спреј за готвење. На дното истурете половина од доматниот сос. Потоа на секоја кора за лазања ставајте од филот и мотајте ги во ролни. Повторете ја постапката со сите кори и наредете ги во тавата за печење. Врз сите ролнички нанесете го остатокот од доматниот сос, а на врвот истурете го остатокот од моцарелата.

6. Тавата покријте ја со алуминиумска фолија и печете 30-35 минути. Потоа извадете ја фолијата и печете уште 5 минути. Јадете ги ролните топли.

Сочни лазања ролни со неодолив вкус Сочни лазања ролни со неодолив вкус Сочни лазања ролни со неодолив вкус

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар