Со правилото 1-3-5 можете да постигнете сè што ќе посакате!

Ако не умеете да управувате со своето време, постојано доцните и не стигнувате да завршите сè што сте планирале, тогаш правилото на 9 работи или подобро познато како правило 1-3-5, без сомнение може многу да ви го олесни животот. До ова правило дошле психолозите, занимавајќи се со еден од најголемите проблеми на современиот човек – недостатокот на време.

Со ова правило лесно ќе ги одредите вашите приоритети, а тогаш уште полесно ќе стигнете и да завршите сè што треба. Суштината е во тоа да не планирате повеќе од девет обврски дневно. Од тие девет, една обврска треба да биде главна, три да бидат помалку важни, а пет треба да бидат рутински работи, како на пример да одите на пазарување или пак да го прошетате вашето милениче.

Основна задача на ова правило е јасно да ги поставите приоритетите и да одредите време коешто ќе го посветите на секоја од активностите. Колку е поважна активноста, толку повеќе време ќе ѝ посветите, а колку е помалку важна толку помалку време ќе вложите. Кога ќе направите ваков план, никогаш повеќе нема да бидете во паника. Многу брзо ниту една обврска од вашиот список нема да остане незавршена. Освен тоа, шемата 1-3-5 многу ќе ви помогне и во случаите кога ќе излезе нешто непредвидено, затоа што, благодарејќи на неа, веднаш и без нервози ќе сфатите што можете да отфрлите од списокот и да ја вметнете новата работа. Ова може да се спроведе многу лесно, па при крајот на денот ќе бидете опуштени, задоволни и многу помалку уморни.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар