Со помош на пивото против настинките

Со помош на пивото против настинките

Иако повеќето од нас, во зимските денови најпрво се фаќаат за топлиот чај, сепак истражувачи од Јапонија тврдат дека наш прв избор треба да биде пивото, доколку сакаме да се заштитиме од преладувањето.Со помош на пивото против настинкитеНајновото истражување спроведено на медицинскиот универзитет Сапоро, покажало дека хумолонот, хемиска супстанца присутна во хмељот, е исклучително ефикасен во борбата против преладувањето и дека има анти-воспалителни својства.

Јан Фучимото, истражувач од една компанија за производство на пиво, за ова вели:

„Респираторниот синцицијален вирус може да предизвика сериозно воспалување на белите дробови и да создаде големи проблеми со дишните патишта. Особено е опасен кај малите деца и бебињата, но моментално не постојат никакви вакцини кои можат да им помогнат.“

Токму поради оваа причина истражувачите се надеваат дека многу скоро ќе почне да се произведува храна и безалкохолни пијалаци со хумолон. Исто така, тие предупредуваат дека во пивото оваа состојка ја има минимално, па за да се создадат некои антитела, потребно е да се испие поголема количина на пиво, што не е препорачливо поради штетните последици од претерувањето со кој било алкохол, како дехидрација, дебелеење и социјално неприфатливо однесување.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар