Со помош на овие 9 трикови, за само 30 секунди ќе им се допаднете на сите со кои ќе се запознаете

Со помош на овие 9 трикови, за само 30 секунди ќе им се допаднете на сите со кои ќе се запознаете

Доволни се само неколку секунди врз основа на првиот впечаток да го оформиме нашето мислење за одредена личност. Истото важи и за создавањето мислење за нас во очите на нов познајник. Истражувањата покажале дека околу 85% од финансискиот успех настанува не поради вештините и знаењата, туку поради способноста да се поврземе со другите луѓе и да ја придобиеме нивната доверба и почит. Па, доколку ги совладате следниве 9 трикови вие ќе имате способност за само 30 секунди да оставите одличен прв впечаток.

Со помош на овие 9 трикови, за само 30 секунди ќе им се допаднете на сите со кои ќе се запознаете

1. Делувајте благонаклонето

Првите неколку секунди од првата средба се водени од инстинктивни реакции. Секоја личност прави несвесна проценка за тоа колку сигурно се чувствува во присуството на другата личност. Трикот е да бидете свесни за овие сигнали кои ги испраќате во текот на тие неколку секунди и да внимавате да не предизвикате другите да се чувствуваат непријатно од премногу агресивен пристап.

2. Почитувајте ги туѓите граници

Бидете свесни за туѓиот личен простор и почитувајте ги границите. Доколку не сте сигурни како да се однесувате, следете ги знаците на личноста со која сте. Доколку тој/таа се приближи до вас, направете го и вие истото, додека пак, ако се оддалечи, следете го/ја и вие.

3. Внимавајте на говорот на телото

Говорот на телото понекогаш може да кажува многу повеќе и од зборовите. Токму затоа можете да го искористите во ваша корист. Со негова помош покажете му на вашиот соговорник дека го има целото ваше внимание и дека сте со отворено срце. Изразот на вашето лице нека биде комбинација од авторитет и достапност и не заборавајте да одржувате контакт со очите.

4. Бидете позитивни

Јазикот на мозокот вклучува слики, звуци, чувства и во помала мера миризби и вкусови. Токму затоа и најсилните сеќавања се исполнети со силни позитивности или силни негативности составени од овие нешта. Фокусирајте се на вашата позитивна страна и засилете го впечатокот кој го оставате со позитивна енергија, пријатна миризба…

5. Контролирајте го вашето однесување и расположение

Енергијата која ја оддавате е една од првите несвесни нешта на кои луѓето реагираат. Доколку сте уморни, вие зрачите со смиреност. Доколку сте енергични, вие испраќате позитивност. Вашето однесување и расположение може целосно да го преземе начинот на кој ве доживуваат, па токму затоа фокусирајте се на топлина, ентузијазам и самодоверба наместо на лутината, ароганцијата и нетрпеливоста при првите средби.

6. Бидете во рамнотежа со себе

Внимавајте вашите зборови, тон на глас и говорот на тело да бидат во рамнотежа, односно да ги зборуваат истото. Нејасните и измешани пораки ги одбиваат луѓето, додека пак доследноста дава јасност и веродостојност.

7. Бидете љубопитни, заинтересирани и со отворен ум

Доколку ја поттикнувате другата личност да продолжи со разговорот, големи се шансите дека ќе му/ѝ се допаднете. Бидете заинтересирани и со отворен ум и поставувајте прашања кои ќе ја поттикнат имагинацијата на соговорникот.

8. Облекувајте се за успех

Пронајдете го стилот на облекување кој го претставува токму она што сте и кој ја испраќа соодветната порака која сакате да ја испратите за себе.

9. Секоја нова врска треба да ви биде со иста важност

Третирајте го секој однос со другите како да ви е најважен на светот, без разлика дали станува збор за пријатели, колеги или пак, за познајници. Никогаш не знаете колку секоја од овие личности кои ги запознавате би можела понатаму многу да ви помогне во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар