Со него е повкусно: Сос за скара со кафе и бурбон

Со него е повкусно: Сос за скара со кафе и бурбон

Секој пат кога ќе се одлучите да приготвувате скара, откако ќе ја направите, се прашувате што би можеле да зготвите плус за да биде уште повкусна. Па, зошто да не испробате нешто ново и вкусно? Бидејќи кафето е неизоставен производ во сечиј дом, ви предлагаме да го искористите за да направите превкусен сос за скара. За него ќе ви бидат потребни околу 20 минути, а вкусот е одличен.

1-so-nego-e-povkusno-sos-za-skara-so-kafe-i-burbon-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:
  • Една шолја сварено, јако кафе
  • ½ шолја бурбон
  • ½ шолја кафеав шеќер
  • ½ шолја соја сос
  • 1 шолја кечап
  • 2 лажички јаболков оцет
  • 2 лажички сол
  • 4 чешлиња бел лук
  • 1 главица ситно исечкан кромид
  • Малку маслиново масло
  • Доколку сакате полуто, може да ставите една лута пиперка
Начин на подготовка:

Сите овие состојки гответе ги на тивок оган, околу 20 минути, а потоа испасирајте ги во блендер. Овој прелив можете да го чувате во тегла околу 2 недели.

Уживајте во доброто друштво и новите вкусови!!!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар