Смешни причини за кавги меѓу партнерите

Кавгите со партнерот некогаш се издржани и можеби причина да размислувате за разделба, но многу често се смешни и во никој случај не се вредни да ви го расипуваат расположението и ведриот дух кој владее помеѓу вас. Која од овие ситуации била причина за кавга во вашиот случај?Смешни причини за кавги меѓу партнерите1. „Не ми се верува дека имаше секс со _____ пред мене.“

Секако дека ова не е вистинската причина за лутењето и кавгата. Веројатно се работи за нешто друго што ги оптоварува мислите на вашиот партнер, но ова му е канал за покажување на револтот. Која е инаку логиката за ваквото обвинение? Тоа е исто како добиете покана за судење за казната за брзо возење која ја имате платено уште пред две години.

2. „Ќе одиме кај моите родители за Велигден?“

Во случајов може да се работи за кој било друг празник, а целата работа се состои во тоа што вашиот партнер веројатно никогаш не се чувствува многу комотно и пријатно во друштвото на вашите родители, но понекогаш мора да биде подготвен да даде потврден одговор. Ако неговиот одговор не е она што сте сакале да го чуете, веројатно ќе следува констатацијата: „Ти не ги сакаш моите родители“, што неретко може да доведе до поголема кавга, неколкудневно лутење, па и евентуален прекин на врската.

3. „Во кој ресторан сакаш да одиме на вечера?“

Запрашајте се колку пати овој муабет бил извор на напнатост и причина за кавга во вашата врска. Вистината е дека кога ќе ви се постави ова прашање, вие веројатно го знаете одговорот, знаете и што ви се јаде и каде ви се јаде, но сакате да делувате прилагодливи и попустливи, па му ја препуштате одлуката на партнерот. На тој начин, него го товарите со обврската да пресече, но и да ви ги погоди моменталните преференции за храна и место за јадење. Зарем реално очекувате тој да ви прочепка во мислите, па и во стомакот!?

4. „Вака сакаш да изгледам?“

Кога сте подолго време во врска, го губите правото да кажете дека некој друг ви е привлечен. Иако ја газите земјата заедно со уште 6 милијарди луѓе, кога сте со некој, тој е единствениот за вас, кој ете сте имале среќа да го најдете. Ако после коментарот за изгледот на некоја филмска ѕвезда, се погледнете во огледало и не сте задоволни од себе, па згора на тоа и ви текне дека веќе некое време не сте имале секс, наеднаш се раѓаат еден куп загрижувачки мисли, кои или ќе одлучите да ги премолчите или ќе прераснат во кавга од типот: „Ти не ме сакаш веќе мене“, „Знам дека ме мразиш“ и сл. Смешно, нели?

5. „Твои се немиениве чинии?“

Секако дека се негови. Но, во врските, на ваквото прашање скоро редовно му следува ироничен одговор од типот: „Не, гарант влегол комшијата Зоки, му се јадело, си спржил јајца, па ги оставил“. Овие кавги не завршуваат тука, па после две-три препукувања на истата тема, многу лесно се преминува на нешто друго, како: „Можеби и би си ги миел чиниите кога ти не би ги оставала твоите шминки низ целиот стан.“

6. „Секогаш доцниш.“/„Кога ќе тргнеме?“

Научно е невозможно двајца луѓе да бидат подготвени за излегување во исто време. Но, додека едниот се спрема, а другиот „дреме ко мисир“, неизбежно е да се зголемува нервозата и лутината, што на крајот ќе експлодира со прашањето (со висок тон на гласот): „Добро, ќе излеземе некогаш од дома?“

7. „Не ме слушаш кога ти зборувам.“

Колку повеќе време поминувате со некого, толку помалку имате потреба да го слушате за да навистина „го слушнете“. Наместо тоа, во состојба сте да процените што ќе каже вашиот партнер според изразот на лицето, гестикулациите и висината на тонот на гласот, слично како што научниците комуницираат со делфините. Но, ако партнерот ве фати дека не го слушате, или барем го претпостави тоа, готов/а сте. Налутениот партнер во таков случај не чека одговор, туку веднаш избрзува со констатациите: „Ти мене не ме слушаш повеќе“, „Јас си зборам сам/а на себе“ итн. Обидете се некогаш да го почекате одговорот, можеби ќе се изненадите.

Размислете колку пати сте се скарале токму заради една од овие причини и ќе сфатите дека навистина се смешни за расправии.

Имате да додадете некоја ваша на листата?

—————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар