Смешни или клише совети за пишување кои навистина функционираат

Смешни или клише совети за пишување кои навистина функционираат

Пишувањето е терапија на мозокот, ослободување, лично запознавање, допир со најскриените стравови, желби, задоволства. Најпознатата клише слика за човек кој пишува е глетката на компјутерот и шолја кафе, што иако е клише, на магичен начин нè инспирира и ни дава енергија. Без разлика колку или што пишувате, дали објавувате или си пишувате за себе, ова се неколку совети кои само звучат клише.

Смешни или клише совети за пишување кои навистина функционираат

Запишувајте во бележник, не во тетратка

Доколку имате навика да запишувате белешки и идеи рачно, пробајте наместо во тетратка да фаќате белешки во бележник (каде страниците ги вртите вертикално). Ова придонесува за послободен и поприроден тек на мислите и идеите.

Не грижете се за печатните грешки, само пишувајте

Ова сигурно сте го чуле и претходно, но доколку почнете да го применувате ќе сфатите колку е вистина. Ова не важи само за креативно пишување, општо, дури и за задача за на факултет. Додека ја пишувате работната верзија, не запирајте, не прегледувајте ја секоја реченица или пола реченица. Пуштете слободно да извираат вашите идеи од мозокот. Потоа, кога ќе завршите, ќе се погрижите за проверка, поправка на грешки, фонт и изглед.

Смешни или клише совети за пишување кои навистина функционираат

Потхранете ја вашата креативност со музика

Можеби звучи како клише, вие да пишувате а во позадина да свири тивка музика, но токму ова ќе ве опушти и ќе ја поттикне вашата креативност. Без разлика колкава е вашата толеранција на бука додека работите, докажано е дека тивката „галама“ е подобра за концентрација од целосната тишина. Само внимавајте музиката да не биде премногу гласна, вознемирувачка или текстот да ви ги оттрга мислите. Откријте ги типот на музика што најмногу ви годи во пишувањето.

Не се преоптоварувајте со краен рок

Доколку се преоптоварувате со крајниот резултат, со роковите кои мора да ги исполните, со вашата добивка од она што го правите, го попречувате вашиот целосен потенцијал и нема да го дадете најдоброто од себе. Наместо тоа направете пишувањето да ви стане навика, нешто што го правите секојдневно, без притисок, едноставно нешто што е дел од вас. Така за брзо пишувањето ќе ви стане не само навика како миењето заби, туку од обврска ќе се претвори во задоволство.

Смешни или клише совети за пишување кои навистина функционираат

Создадете опуштена атмосфера

Ставете го вашиот комфор на прво место. Клучно е да се чувствувате пријатно. Пишувајте во широка, секојдневна облека. Не ви треба луксуз, ниту куп светкави предмети кои ќе ви го одвлекуваат вниманието. Дури и да не сте такви по природа, кога пишувате бидете минималисти. Осврнете се кон едноставното и намалете ги вашите очекувања.

За крај, сепак, пишувањето е лично искуство и секој различно го доживува. Не плашете се да експериментирате, да наоѓате начини кои ви помагаат да бидете покреативни, да внесете промена, да се обидете со нешто ново. Доколку никогаш ни на крај памет не ви било да пишувате поезија, почнете со стих или два.

Среќно пишување и доколку најдете нови начини кои ви помогнале, споделете ги со нас!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар