Слатки школки на вашата летна трпеза

Некогаш е доволно само малку труд за да постигнеме вистински ефект. Овие интересни колачиња можете да ги направите за многу кратко време, а ќе изгледаат одлично на вашата трпеза и сигурно ќе бидат запаметени. Одлични се за забави, лесно се подготвуваат и уште полесно се јадат. :)Слатки школки на вашата летна трпеза Потребни состојки:

  • 2 пакувања чајни колачи (можете да употребите со вкус на ванила или путер)
  • топчиња со бело чоколадо за во секоја школка
  • 230 грама путер
  • 680 грама крем-сирење
  • 750 грама шеќер во прав
  • боја за готвење

Подготовка на кремот: Матете ги путерот и крем-сирењето со миксер на средна брзина околу 2 минути додека смесата не се соедини. Намалете ја брзината и додадете го шеќерот, па продолжете со матење уште 2 минути. Доколку сакате кремот да биде во боја можете да додадете боја за готвење.

Декорирање: Поставете ги бисквитите со мазната страна кон надвор и со помош на шприц нанесете крем во облик на ѕвезда. Декорирајте ги бисквитите, додадете ги топчињата како на сликата подолу и на крајот поставете го остатокот од бисквитите одозгора. Внимавајте да го задржите обликот на школка. Ставете ги во фрижидер за да се стегне кремот.

Екстра совет: за ефект на песок во чинијата во која ќе ги служите школките истурете мелени бисквити.Слатки школки на вашата летна трпеза Слатки школки на вашата летна трпеза Слатки школки на вашата летна трпеза


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар