Слатки Дедо Мразовци на вашата трпеза

Овој период од годината на сите ни отвора апетит, а кога веќе сме спремни за некое килце плус, може да бидеме и малку креативни. Мора да признаете, овие колачиња изгледаат прекрасно, а и ќе ја надополнат празничната атмосфера во вашиот дом.Слатки дедо мразовци на вашата трпезаПотребни состојки:

  • 18 колачиња „Орео“
  • 2 ½ супени лажици путер, стопен
  • 450-500 грама крем сирење
  • 80 грама шеќер (6 ½ супени лажици)
  • 2 јајца
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • 100 грама бело чоколадо
  • 200 грама слатка павлака (хопла)
  • 25 парчиња јаготки
  • 2 супени лажици шеќер во прав

Начин на подготовка:

За овој рецепт користете сад со средна големина (најдобро би било 20-20 цм) којшто ќе го прекриете со две парчиња алуминиумска фолија, едното парче поставете го хоризонтално на дното, а другото вертикално по ѕидовите над првото. Внимавајте парчињата да се доволно долги за да ги прекријат рабовите на садот. Премачкајте ја фолијата со ½ супена лажица од стопениот путер. Во друг подлабок сад добро издробете ги орео колачињата и измешајте ги со остатокот од стопениот путер, при што смесата не треба да биде премногу сува. Така добиената смеса ставете ја врз фолијата во садот за печење, добро притиснете ја и израмнете ја до рабовите (за оваа цел можете да употребите долен дел од чаша или нешто слично). Рерната загрејте ја на 180 степени.

Во висок сад ставете ги крем сирењето и шеќерот и изматете ги добро со миксер, па додадете ги јајцата и екстрактот од ванила и повторно изматете со миксер сè додека не се добие хомогена смеса. Белото чоколадо растопете го исто така во посебен сад и додека се топи додадете и 80 грама хопла. Откако целосно ќе се растопи, додадете го во смесата со крем сирењето и матете на средна брзина за добро да се соедини. Сето ова се истура над смесата од орео колачињата и путерот и се пече 40 минути.

Кога ќе завршите со печење исклучете ја рерната и оставете го садот внатре уште некои 10-тина минути. Садот се вади на собна температура, се чува некои 30 минути, а потоа се покрива со фолија и се чува во замрзнувач 3 часа (или 6 часа во обичен фрижидер). Откако смесата е добро изладена се вади од фрижидер и со помош на фолијата треба да се извади од садот и да се префрли на рамна површина. Ја сечеме на коцки кои треба да бидат малку поголеми од јаготките за полесно декорирање. Остатокот од хоплата, односно 120 грама, се става во миксер и се мати додека добро не се згусне, а подоцна се додава шеќерот во прав и повторно матиме. Вака приготвениот шлаг ќе ни служи за декорација со помош на готварски шприц. Јаготките се сечат од едната страна, се ставаат над коцките и на крај декорираме како на сликите. И вашите Дедо Мразовци се готови!Слатки дедо мразовци на вашата трпеза


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар