Скептикот за љубовта

Како е можно да си толкав антиромантичар? И како тоа не постои љубов? Љубовта е сè околу нас, љубовта е воздухот кој го дишеме, храна која нè одржува во живот… БЉАК! Наместо на малите девојчиња да им ги перат мозоците со принцеви на бели коњи, треба да ги учат да велат „Бљак“ на вакви глупости! Заради тие глупави сказни, по светов шетаат избезумени, „заљубени“ и побудалени тинејџерки, зависни од тоа да имаат дечко, зашто без љубов не се живеело… чисто информативно, мене ми успева веќе цели 20 години. Не, не зборам за љубов кон семејството, туку за онаа која луѓето најчесто погрешно ја дефинираат.

Љубовта не се наоѓа во трнот на розата, ниту во бакнежот на принцот, а ја нема ни во изгубената чевличка… и фала Богу, еден најобичен крекач како што е жабата нема никогаш да се претвори во принц, па ако ви е ќеф, бакнувајте водоземци со надеж дека во иднина би биле нешто друго! Тоа се сказни и фантазии, кои треба да бидат строго одделени од реалноста.Скептикот за љубовтаЈас верувам во љубов, ама во вистинска, силна, исконска љубов, која не секој ја наоѓа и не секој кој ќе ја најде знае да ја цени. Не верувам дека се појавува од зад аголот, дека ќе ти тропне на врата и ќе ти рече: „Јас сум вистинската љубов, пушти ме да влезам“. И не мислам дека љубовта ти ја нудат на послужавник, така можеш само да си порачаш еден добар коктел, ама не љубов!

Вистинската љубов нема да те натера да се откажеш од она што навистина си, нема да ти поставува услови, не е себична… Поради тоа што ова чувство е толку силно и волшебно, веќе почна да му се губи секаква смисла, да се користи за да се добие нешто, да се заработи, за некој да си оствари некаква цел… Баш ме интересира, како гледате љубов во листови од рози поставени на креветот од страна на дечко чија единствена цел му е да ја „легне“ девојката, кај е тука романтиката? И фала Богу, оваа ќе се стопи и ќе „падне“ на гестот, зашто ја учеле да си го чека принцот, па лошата дефиниција за љубов и романтика ја попречиле да сфати дека тој е само коњ!

Љубовта е дефинитивно потценета, и тоа ме прави уште поголем скептик, ме иритира и станувам бунтовна. На луѓево сè им е љубов! По музичките канали само љубовни песни и балади фрчат. Најтрагичното е тоа што можеби половина од оние кои пеат за љубов никогаш вистински не ја искусиле… кои лицемери! Секој самопрогласен филозоф „тропа глупости“ за љубовта… Секоја втора тинејџерка мисли дека е вљубена, кубе коси, сече вени… Има 16 години, ама после него нема да љубела повторно. Ми се лоши! Алоо, нормална си ти, свесна си дека имаш 16 години, или треба некој да ти нацрта?!

Деца сте, уживајте во детството! Сето тоа го прави општеството, тоа глупаво прославување на денот на вљубените и слични глупости. На вистинските вљубени, секој ден им е ден на вљубените. Тие не чекаат одреден датум за да си посветат внимание и не мора тоа да го поделат со целокупното општествено опкружување. Вистинскиот романтичар би требало да биде оригинален, на посебен начин да ја истакне љубовта, со авантура, со страст, со нешто необично, не со „lame“ потег од праисторијата. Љубовта е нешто многу посебно и свето, затоа се вознемирувам кога ја спомнуваат во глупави контексти, кога ја потценуваат, ја прават да биде толку честа и лесна за пронаоѓање.

Ги жалеле луѓето кои не веруваат во љубов, но јас ги жалам оние кои мислат дека ја има насекаде. Се затрескуваат три пати дневно, а кога ќе им се случи тоа, веќе не се паметни личности, дури и да имале коефициент на интелегенција колку Ајнштајн. Зашто тоа што вие го дефинирате како пеперутки во стомакот, мене ми се цицачи на разумот.

Постои љубов, она чувство кое го имате за вашето семејство, за родниот крај… тоа е љубов. Во меѓувреме не ми е во план таа љубов да ја потценам изедачувајќи ја со некаква моментална возбуда или инстинкт! Можеби ќе го пронајдам оној кон кој ќе чувствувам вистинска љубов, а можеби ќе треба да се задоволам со чувството на почит, разбирање и она кога некој ти е мил…

Драги мои, нека не ве залажува насловот, јас не ви велам да не верувате во љубовта, туку да бидете претпазливи, да ги разграничувате чувствата, секогаш да им пристапувате со доза на свест и разум, и најважно од сè, да не заборавате да се цените себеси… колку и да го/ја сакате, сакајте се себе повеќе!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Happy Reply

    Се сложувам потполно со текстот, исто како јас да сум го пишувала. Браво за авторот и никако да не се забораваат последните зборови од текстот ,,Колку и да го сакате, сакајте се себеси повеќе!,,

  2. Ema Reply

    THe best thing ever !!!

  3. TTT Reply

    Колку и да се согласувам со текстот, сепак сметам дека на ваквите текстови местото им е во колумни или блогови, а не на сајт каде што се објавуваат информативни и непристрасни статии. И уште повеќе вакви, да не речам прости реченици “Алоо, нормална си ти, свесна си дека имаш 16 години, или треба некој да ти нацрта?!” не треба да се најдат на страна како Кафепауза!

  4. :)) Reply

    Мило ми е што фала Богу, ете, имало и вакви луѓе. Се е точно.
    Преку глава ми е од драми и лигавења.

  5. Безименко Reply

    Ја волим само себе. Не, шала на страна, статијава ти е сосема на место, само тешко дека ќе ги добре тинејџерките (па и постарите), да стават прст на чело и да се запрашаат кај терат со ваквиот филм. Секоја чест за исклучоците.

    За вечните мрчатори што немаат ништо попаметно што да прват, само еден прст нагоре и една порака од 7 букви е доволна… и да идат да се празнат на друго место, не по коментари. 😉

    (Y) Секое добро.

    • Ели Радеска Reply

      Ти благодарам Безименко. :) Секое добро и на тебе.
      Поздрав

  6. Натараџа Reply

    Ми звучиш како Лавица :)( во хороскоп )ама тоа не е ни толку важно…љубовта како света ние сме ја примиле баш преку тие приказни за принцови и коњи а тоа е убаво во комбинација со разумот ..нели е полошо ова денешно време каде што веќе ништо не е свето само затоа што луѓето ” немаат време ” за на сопствените деца да им вметнат дух, светост, разумот доаѓа со текот на годините ама другово не.

  7. Brankica Reply

    Pricinata poradi koja se vikame “luge” e tokmu emocijata krstena “ljubov” i potrebata da se spois so nekoj so koj ne si vo krvno srodtsvo.Ako na mazite edinstvenata cel e da legnat zena,togas koi se celite na edna zena?!Posle razocaruvanjeto od licnost koja ne gi ispolnila nasite potrebi treba da prekineme da veruvame vo ljubovta?Potrebata za jadenje site ja cuvstvuvame ednakvo,ili treba da se lazeme deka ne sme gladni?

    • Александар Reply

      Причината поради која се викаме луѓе е нашиот артикулисан говор, а не љубов. Љубовта ја чувствуваат и животните. Кон малите или кон партнерот со кој се размножиле. Имаше баш едно видео како мачор се обидува да разбуди мртва мачка. И потребата за јадење чувствуваме сите исто! BTW: Честитки до Ели Радеска за напишаниот текст! Стварно е на место :) На сите ни се здосадија напорните турбо фолк напалени тинејџерки…

      • Demonic Reply

        Ох, не! Љубовта е научена, општествена емоција. Не ја чувствуваат животните. Најблиску до онаа наша љубов, е мајчинскиот мотив кај нив и кај нас – потреба да се заштити својот подмладок. Тоа што си го гледал на клипот (знам поточно за кој клип велиш) е само инстинктивно. Знам дека го правев муабетов со ветеринар, ама одамна беше…ми појасни што-како, ама заборавив. At the end of the day…не е од љубов (сепак, па и правиме муабет за животни кои никогаш не знаеш што им се мота во глава :) ).

  8. Demonic Reply

    Текст на место (иако како што спомнаа погоре, ова ваљда подобро би било да се најде на некој блог или слично). Не сум дојдена за ласкања (ретко симињам ѕвезди, а и гледам веќе некои погоре го направиле ова – без навреда кон сите, ова не е пишано со доза на цинизам во мене), туку да си искажам свое мислење…
    Секогаш велам…„оние луѓе кои немаат проблеми сами си создаваат и ги преувеличуваат истите“. Така и со ова. Се среќаваме со личности чија денешна единствена грижа е што да облечат вечерта. Живеат монотон, досаден живот по кафулиња, заглавени се во секојдневието, и понекогаш…имаат потреба од некој „проблем“ чисто за да покажат колку се тие само напатени и несреќни, па за да привлечат внимание кон себе, и да бидат сожалувани.
    Не треба да им се замери тоа што мозокот им работи на пониски фрекфенции.

  9. Brankica Reply

    Pofalbi do avtorot na tekstot Eli Radeska…Burickajki po Kafepauza,primetiv deka nejziniot tekst se izdvojuva so pogolemiot broj na komentari,navistina uspeala da vozbudi po nekoja emocija od nas.A od mene vi posakuvam da se prepustite na zivotot,pa duri i za vas toa da znaci da se sakate samite sebe najmnogu,kako sto pisuva vo tekstot.Mojata sreka i radost e celosna samo ako ja spodelam so nekoj…samata sebe da se sakam najmnogu ne mozam,a tie sto mozat blaze si im,ke ziveat podolgo,ama sami.

  10. megamind Reply

    ФРУСТРО!

  11. лалала Reply

    Мислам дека и тинејџерките се заљубуваат, во ред можеби некои навистина претеруваат и не ја ценат љубовта, но сите сепак не сме исти. Поздрав :)

  12. Keti Reply

    Дали добро прочитав дека за Вашите 20 години сте ја апсорбирале темава дека не треба да се занесуваме од љубов и за љубов ????
    Ако е така, тогаш , ај да се сретнеме за едно 10-15 години и пак да правиме муабет. Ако и тогаш стоите на ставот , ќе се отепам од чудење.
    Се кладам дека за тој период ќе сретнете некој , кој БУКВАЛНО ќе Ви го украде срцето. Ќе Ве натера да лебдите во облаци , а на лицето ќе имате насмевка што ни со шпакла не се вади.
    Љубовта не подига, не носи во најубавите предели на самите себе си и на оној што го сакаме. Не тера да го идеализираме, да го посакуваме, да го допираме……мислејќи на „него“ промашувам да свртам на семафорот, чорапите ги ставам во фрижидер и по цел дена ништо нит ми се јаде , нит ми се пие….чувствувам кога и тој се насмевнува иако не го гледам и не го слушам, чуствувам кога му заигрува срцето , а останува привидно ладен. Во исто време мислиме исти работи, кажуваме исти работи, си вртиме на телефон во исто време.Лудо , зарем не ?
    Секако дека ДА, и дај Боже така да остане …и да…јас ова со моите 35 год.

Остави коментар