Ситуации што ги разбираат само личностите кои патат од недостаток на социјални вештини

Ситуации што ги разбираат само личностите кои патат од недостаток на социјални вештини

Тоа што многу луѓе имаат напади на анксиозност или срамежливост кога треба да комуницираат со непознати личности, да побараат услуга или информација, не е многу утешно. Вам ви изгледа дека сте тотален чудак и дека никому не му е понепријатно помеѓу луѓе од вас.

2-raboti-koi-gi-razbiraat-sami-lichnostite-koi-patat-od-nedostatok-na-socijalni-veshtini-www.kafepauza.mk_

1. Гледањето во очи е болно и скоро невозможно

Контакт со очи како дел од љубовната игра? Може, но во потполна темница. Кога некој се обидува да ве гледа во очи или инсистира да му го возвратите погледот, кај вас буди чувство на непријатност, страв и одбојност. Што тој сака да види во вашите очи, зошто гледа? Имате чувство дека низ очите навистина гледа во вашата душа, а вие воопшто не сакате да ја запознаете неговата.

2. Телефоните се апсолутен ужас

Како некој може тука така да го напише бројот и да разговара со непознати луѓе? Да закаже кај доктор, да побара некоја информација, да закаже состанок и да звучи собрано и љубезно? Вие постојано барате некој друг да го направи тоа наместо вас и воопшто, телефонските разговори прилично ве избезумуваат, дури и кога се во прашање блиските личности. Попрво би им праќале пораки или веднаш одговарате на нивните, за да не ви се јават и да ве прашаат што се случува со вас.

3. Животните се вашите најдобри пријатели

А вашиот миленик најверојатно е некоја мачка или птица која влегува во својот кафез само кога сака да спие, бидејќи постојано ви стои на рамената. Животните им се најдобри пријатели на сите оние личности кои искусиле колку луѓето може да бидат напорни, неблагодарни и непријатни, па дури и тогаш кога сте им го дале сето она што го побарале и очекувале од вас. Односот со животните е лишен од секоја компликација и секоја препрека во комуникацијата, што е парадоксално, бидејќи тие не зборуваат. И немате никаков проблем да ја гледате вашата преубава мачка во нејзините убави очи, бидејќи во нив во целост го читате нејзиното расположение и намери. Животните појасно и непосредно комуницираат со своето тело, со погледите и звуците кои ги испуштаат, отколку што тоа го прави едно човечко суштество со неверојатна способност за мислење и говор.

1-raboti-koi-gi-razbiraat-sami-lichnostite-koi-patat-od-nedostatok-na-socijalni-veshtini-www.kafepauza.mk_

4. Не ги сакате групните проекти и активности

Попрво би работеле сами, дури и ако тоа е работа за повеќе луѓе, отколку да работите со некого, да се обидувате да разберете што сака да ви каже, а што не открива и што мисли кога ќе го каже тоа и да го објаснувате она што го мислите и воочувате. Тоа е така исцрпувачки и многу потешко, отколку неколку прекувремени часови од работното време за да го завршите она што ви е потребно.

5. Можете да живеете без телефон и компјутер

Понекогаш фантазирате за пуст остров, како во рајот. Нема никој да ве вознемирува на кој било начин, а ќе пронајдете и некои билки за исхрана, но и животни кои ќе можете да ги припитомите. Што повеќе е потребно за да бидете во рајот? Всушност, опкружени сте со толку непотребни работи кои се неопходни за функционирање во современиот живот, што понекогаш ви доаѓа до побегнете.

6. Се поттргнувате кога некој ќе ве допре

Допир без интимност, прашање и јасна цел за вас е агресивно нарушување на вашиот личен простор, па дури и чин на насилство. Вие гледате дека луѓето околу вас постојано се допираат, се тапкаат по рамената, се прегрнуваат, ги спуштаат рацете на нечии мускули и рамена во доверливи разговори, без никому да му пречи тоа. Само вам ви пречи и затоа потскокнувате кога неочекувано ќе ве допрат. Држете ги рацете кон себе, луѓе, каква е таа дрскост и слобода?

4-raboti-koi-gi-razbiraat-sami-lichnostite-koi-patat-od-nedostatok-na-socijalni-veshtini-www.kafepauza.mk_

7. Никој никогаш не слушнал ваш говор

Бидејќи никогаш не сте го одржале, дури ни самите на себе пред огледалото. Вие нема што да им кажете на луѓето, односно имате, но сигурни сте дека тие воопшто не сакаат да го слушнат тоа. Никогаш никој нема да ве натера да застанете зад некоја говорница, или да земете микрофон.

8. Не умеете да прифатите комплимент

Комплиментите ве доведуваат до непријатна ситуација, бидејќи не знаете како да возвратите. Се обидувате да не се згрчите и знаете дека веќе сте поцрвенеле и дека на сите им е јасно колку ви е непријатно.

9. Со задоволство ја избирате самотијата

Во самотијата, вие сте со најдоброто друштво. Опуштени сте и се чувствувате сигурно, никој не бара ништи од вас, никој не го нарушува вашиот личен простор, вашиот душевен мир и вашите граници. Најдобро ви е кога сте сами, иако се обидувате повремено да ги прифатите поканите за дружење, бидејќи ви е јасно дека не треба да се однесувате како самотник во светот во кој сите најчесто се плашат од самотијата. Понекогаш се прашувате дали можеби сите други се многу почудни од вас?

Можеби ќе ве интересираат и овие 5 начини да го подобрите вашиот социјален живот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар