Силата не зависи од интензитетот на емоциите: Тоа што сте чувствителни не значи дека сте слаби

Силата не зависи од интензитетот на емоциите: Тоа што сте чувствителни не значи дека сте слаби

Целиот товар на светот го носите на вашите рамена. Кога се карате со вашите сакани, вашето срце се полни со емоции. Кога ќе видите дека се случува нешто ужасно во ваша близина, чувствувате болка. Кога ќе се вљубите во некого, давате сѐ што имате. Сѐ што правите, кажувате или доживувате, го чувствувате со секое делче од вашата душа.

Силата не зависи од интензитетот на емоциите: Тоа што сте чувствителни не значи дека сте слаби

Вие сте многу чувствителни. Плачете за птиците со скршени крилја, за децата без мајки, за пријателите, членовите од семејството, па дури и за непознатите луѓе со повредени срца. Уште од рана возраст сте биле свесни за сето она што се случувало околу вас, почнувајќи од интонацијата на нечиј глас, па сѐ до емоцијата што ви ја предизвикала одредена боја. Такви сте биле отсекогаш и такви ќе бидете и понатаму.

Но, понекогаш остатокот од светот не ве почитува. Понекогаш луѓето ве нарекуваат „глупави“ и „наивни“. Понекогаш луѓето имаат негативно мислење за начинот на кој се однесувате, за емоциите што ги имате, за изборот на партнерите и за тоа што предолго се борите во име на љубовта. Понекогаш другите ве осудуваат, ве нарекуваат „деликатни“, како да е тоа нешто лошо. Кога некој се смета за „нежен“, веднаш се претпоставува дека е слаб. Но, тоа е сосема погрешно.

Вашето срце е силно и неуморно работи. Без разлика низ што ќе поминете или со какви демони ќе се соочите, вие постојано наоѓате надеж и успевате да заздравите. Продолжувате да сакате.

Точно е тоа дека сте чувствителни и дека ја чувствувате болката и страста на целиот свет. Понекогаш сте скршени, изморени и преплавени од интензитетот на врските што ги имате во животот. Понекогаш плачете, се исклучувате и ги оттурнувате луѓето од себе. Но, секогаш застанувате назад на нозе. Секогаш го наоѓате потребното срцебиење и внатрешна мотивација што ве поттикнува повторно да се отворите.

Вие сте чувствителни, а не слаби, немоќни и претерано емотивни. Вашата чувствителност е вашата сила. Вашата моќ лежи во начинот на кој чувствувате и љубите, не плашејќи се да ја покажете вашата ранливост и суштина.

Престанете да му дозволувате на светот да ви кажува дека не вредите доволно и покрај сето она што го давате и создавате. Престанете да мислите дека мора да се обезвредните за да се вклопите. Престанете да си кажувате лаги само за да ја заземете формата што светот се обидува да ви ја наметне. Престанете да мислите дека сте кршливи, само затоа што чувствувате.

Силата не зависи од интензитетот на емоциите: Тоа што сте чувствителни не значи дека сте слаби

Не е лошо да се биде „нежен“. Нежните луѓе се менливи и прилагодливи. Тие се спиритуални, храбри и прекрасни. Нежните луѓе не се наивни и кршливи. Престанете да мислите дека мора да бидете цврсти за да ве почитуваат другите и дека мора да бидете бездушни за да преживеете.

Можеби сте чувствителни, но исто така сте и големи борци. Вие сте силни. Имате мозок и срце што ја впиваат енергијата на луѓето околу вас. Можеби сте чувствителни, но затоа сте и многу грижливи. Се грижите за луѓето што ги сакате, но и за оние што не ви се толку блиски. Се грижите за она што се случува во светот и за непознатите поединци што допрва треба да ги запознаете.

Сѐ е во ред со вас, со вашето срце, со начинот на кој љубите и ѝ дозволувате на светлината да заблеска во вас. Сѐ е во ред со вашата сочувствителност, ранливост, несебичност и подготвеност да дадете љубов, дури и тогаш кога не ви е возвратена.

Понекогаш другите ќе ви кажат дека треба да пораснете, да бидете попаметни, да се чувате и да не бидете толку отворени кон луѓето кои немаат најдобри намери. Понекогаш ќе ви велат дека треба да бидете претпазливи и затворени, наместо чувствителни и отворени.

Но, не се менувајте себеси поради туѓите мислења. Не им дозволувајте на тажните и негативни перспективи да ја потонат вашата енергија. Сакајте. Чувствувајте. Прифатете се. Создавајте. Бидете такви какви што се и не им дозволувајте на другите да ви велат дека претерувате или дека не вредите доволно. Точно е тоа дека поинаку ги доживувате работите. Точно е тоа дека вашето срце е поголемо од срцето на повеќето луѓе. Но, не сте слаби. Вие сте точно толку силни колку што треба да бидете за да опстанете.

Доколку не сте уверени во вашата неизмерна внатрешна сила, прочитајте за 10-те супермоќи на пречувствителните луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар