Сигурни знаци дека сте создадени еден за друг

Дури и кога сте лудо заљубени во некого, тешко е да се знае дали тој/таа е вистинскиот партнер за вас. Секој има различна слика во глава што може да очекува од својот партнер, но доколку вашата врска ја карактеризираат овие работи, немате потреба од грижи.

Сигурни знаци дека сте создадени еден за друг

1. Му откривате работи кои никому не сте ги кажале

При ова не се мисли на „искреност“ после неколку чаши вино, туку на желбата да му откриете интимни детали од вашиот живот. Тоа е знак дека му верувате, што е важна компонента за успешна и долга врска.

2. Дозволувате да ве види во моменти на слабост

Лесно е да се биде среќен со некого на кого му цветаат ружи во животот. Но, што ќе правите кога нема да бидете во лесен период од животот? Во таквите ситуации партнерот треба да ви биде тука за утеха.

3. Го почитувате и го прифаќате каков што е

Не чувствувате потреба да го промените вашиот партнер. Можеби има ситници кои ве иритираат, но сепак го сакате таков каков што е.

4. Сакате да ги запознаете неговите/нејзините родители

Се гордеете со вашиот партнер и не ви пречи да го запознаете со вашите родители, наместо постојано да барате изговор зошто не може да дојде кај вас на гости.

5. Лесно можете да ја замислите вашата заедничка иднина

Доколку некогаш одлетате со мислите во заедничката иднина и ако ви се допаѓа тоа што го гледате, тоа е сигурен знак дека вашата врска е нешто посебно.

Сигурни знаци дека сте создадени еден за друг

6. Не се плашите да го изнесете вашето поинакво мислење кое се разликува од неговото

Знаете дека ќе ве ислуша, иако не се сложува со тоа што го зборувате и дека ќе ве сфати сериозно, иако смета дека не сте во право.

7. Сакате да поработите на различностите

Се разликувате со партнерот во неколку клучни работи кои би можеле да влијаат на вашата иднина, но сакате да поработите на нив бидејќи знаете дека ќе дојдете до решение кое ќе одговара за двајцата.

8. Се смеете кога сте заедно

Смеењето е едно од наједноставните животни задоволства. Нема ништо поубаво од тоа постојано да се смеете заедно.

9. Неверојатно многу ве привлекува

Физичката привлечност е важен елемент во секоја здрава врска. Тоа е само уште еден дополнителен плус што го прави партнерот, вистинскиот за вас.

10. Тишината не ви е непријатна

Паузите помеѓу разговорите и тишината не ви создаваат непријатност. Немате чувство дека морате непрекинато да зборувате, бидејќи тишината за вас не е непријатна.

Сигурни знаци дека сте создадени еден за друг

11. Се чувствувате одлично покрај партнерот

Не мислите дека треба да внимавате што зборувате, не сте несигурни, ниту пак се плашите.

12. Потребен ви е партнерот во „нормални“ количества

Копнеете по партнерот, но не премногу. Одредена доза потреба од партнерот е добра, но постојаната потреба од него, може да доведе до незадоволство и гушење на врската.

13. Не сте премногу љубоморни

Не кревате паника кога партнерот е излезен со пријателите или со пријателките. Мала доза на љубомора е во ред, но сепак му верувате.

14. Покрај партнерот сте подобра личност

Партнерот на вас делува така што се чувствувате попаметно, поубаво и покреативно. Чувствувате како меѓусебно се надополнувате и дека од вас доаѓа она најдоброто.

15. Едноставно ве разбира

Едноставно, партнерот разбира некој дел од вас кој ни вие самите не можете со зборови да го опишете. Тоа е пријатно и убаво чувство, кое треба да постои во сите врски.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар