Штотуку наполнивте 19 години? Прочитајте зошто ова ќе биде најтешката година во вашиот живот

Тешко е да се живее во светот на возрасните, а уште потешко е кога ќе ве фрлат таму иако сѐ уште не сте подготвени. Тоа обично се случува кога ќе наполните 19 години. Веќе не сте тинејџери кои се безбедно засолнети во родителската закрила. Сега мора да го напуштите гнездото и да научите да летате. Па така, 19-годишната возраст од животот е исполнета со многу падови. Но, не губете надеж бидејќи нештата ќе станат подобри. Доколку само што сте наполниле 19 години, прочитајте зошто ова ќе биде најтешката година во вашиот живот…

Штотуку наполнивте 19 години? Прочитајте зошто ова ќе биде најтешката година во вашиот живот

Официјално влеговте во светот на возрасните

Кога сте наполниле 18 години, луѓето ви велеле дека официјално сте станале возрасни, но вистината е дека сѐ уште го возите велосипедот со помошни тркала. На таа возраст ви е дозволено да бидете деца и да правите грешки. Но, тоа не важи и кога ќе наполните 19 години. Тогаш официјално ја поминувате границата која води кон светот на возрасните и нема враќање назад.

Мора да откриете кои се вашите животни планови

Живеевте безгрижен живот полн со надежи и соништа и одеднаш сите ви велат дека мора да имате прецизен план за до крајот на вашиот живот. А вие сѐ уште немате поим што сакате да бидете кога ќе пораснете!

Сѐ уште не можете да влезете во некои дискотеки и клубови

Сте влегле во светот на возрасните, но сѐ уште не ве пуштаат во некои дискотеки каде што влезот е забранет за лица под 21 година. Тоа може многу да ве збуни и да ве натера да се запрашате дали сте возрасни или деца? Кога веќе сите ви велат дека сте возрасни, малку е неправедно тоа што не можете да уживате во истите задоволства како и останатите возрасни.

Вие сте и тинејџери и возрасни

Технички сѐ уште сте тинејџери, но од вас се очекува да се однесувате како возрасни. Тешко ви е да дефинирате кои сте. Како што кажа Бритни Спирс на времето: „Не сум девојче, но не сум ни жена сѐ уште“.

Штотуку наполнивте 19 години? Прочитајте зошто ова ќе биде најтешката година во вашиот живот

Време е да најдете работа

Можеби не сте имале потреба да работите во средно училиште, но сега веќе немате никакви изговори. Мора да почнете да заработувате пари. На тој начин ќе им помогнете на вашите родители и ќе можете да си ги дозволите сите вечерни излегувања, одмори и патувања на кои сакате да одите.

Луѓето не ве почитуваат како да сте возрасни

Ви делува како луѓето околу вас да не можат да се одлучат, особено вашите родители. Можете да се однесувате како возрасни, но луѓето треба и да ве почитуваат како да сте возрасни. Од друга страна, пак, ако направите грешка, сакате да се однесуваат со вас како со деца.

За прв пат живеете независно од вашите родители

Доколку сте решиле да студирате надвор од родното место, ќе мора да живеете сами или со цимери. Тоа значи дека ќе треба сами да си ја перете облеката, да готвите и да плаќате сметки. Никој не може целосно да ве подготви за овие работи и затоа ќе мора постојано да се снаоѓате.

Не знаете со кого да се дружите

На оваа возраст сигурно ќе имате пријатели на различна возраст. Некои од нив ќе имаат повеќе од 20 години други, пак, помалку од 18. Сите ќе поминувате низ различни проблеми и тешко ќе ви биде да пронајдете заеднички јазик.

Можеби моментално минувате низ најтешката година во вашиот живот, но не грижете се, бидејќи тоа нема да трае засекогаш. Можеби сега ви се чини како овој период да нема крај, меѓутоа ќе успеете да излезете од оваа дупка во која не сте ни деца ни возрасни. Не заборавајте дека не сте сами. Сите минуваат, поминале или ќе поминат низ истиот конфузен хаос.

Во продолжение, прочитајте ги овие 11 знаци дека сте влегле во светот на возрасните.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар