Што вие можете да направите денес за да го направите светот подобро место за живеење?

Што ВИЕ можете да направите денес за да го направите светот подобро место за живеење?

Сите сакаат да бидат среќни и да живеат подобар живот, но толку многу се фокусирани на своите цели што едноставно забораваат на оние нешта кои можат да го подобрат светот околу нив. Без разлика на вашата возраст, пол или националност, сите вие поседувате способност да влијаете за позитивни промени така што ќе поставите добар пример и ќе ги инспирирате другите. Погледнете ги овие 5 едноставни начини на кои можете брзо да го направите светот подобро место за живеење…

Што вие можете да направите денес за да го направите светот подобро место за живеење?

1. Бидете љубезни

Многу е лесно да се биде безобразен кон луѓето кои ги мразите, но не му дозволувајте на вашиот гнев и омраза да ги дели луѓето на добри и лоши. Вие никогаш не можете да ја знаете целосната приказна на одредена личност, па токму затоа не е во ред да осудувате. Вие не знаете што тој/таа размислува или чувствува. Едноставно бидете добри кон луѓето и тие ќе бидат добри кон вас. Ослободете се од чувствата на омраза и со тоа ќе станете многу посреќна личност.

2. Помагајте

Да бидеме искрени, не е лесно да помогнете некому бесплатно. Треба да имате голема емпатија за да волонтирате. Но, помагањето на луѓето или животните кои имаат потреба е еден од најдобрите начини на кои можете да го направите светот подобро место за живеење. Доволно е само да му дадете храна на некое улично кученце, да им помогнете на вашите соседи, да волонтирате по еден ден во месецот во засолниште за бездомници, да засадите цвеќиња или дрвја или пак, ако можете да си дозволите, да им донирате пари на оние кои навистина немаат и верувајте, светот околу вас веднаш ќе стане многу посреќно место.

3. Давајте комплименти

Вие не треба да бидете богати за да го промените светот. Една насмевка упатена кон странец е сосема доволна за да го направите неговиот, но и вашиот ден подобар. Токму затоа не се воздржувајте со комплиментите, кажете ѝ на вашата мајка дека денес изгледа прекрасно или пофалете ја новата кошула на вашата пријателка. Секогаш кога давате комплименти бидете искрени, а доколку нешто не ви се допаѓа, подобро премолчете отколку да лажете.

4. Одржувајте ја природата чиста

Светот никогаш нема да се подобри доколку не се грижиме за природата. Ако садите цвеќиња и дрвја, тогаш тоа е во ред, но ако фрлате ѓубре на улица, тогаш ѝ правите на природата многу голема штета. Не ги оставајте отпадоците позади вас во паркот и не ги фрлајте во водата. Уште полошо е доколку имате навика да ги палите или закопувате. Бидете пример и инспирирајте ги другите така што ќе се грижите поактивно за природата или пак, ќе започнете со рециклирање.

5. Престанете да се натпреварувате

Многу луѓе го поминуваат својот живот тежнеејќи кон тоа да бидат подобри од своите пријатели, соработници или соседи. Тие работат напорно за сите оние нешта кои ги постигнале, само за да бидат подобри од своите пријатели или соработници. Но, оваа навика лошо влијае врз вас и врз оние околу вас. Токму затоа најдете друга инспирација која ќе ве води низ животот. Престанете да се споредувате со другите и фокусирајте се на себе. Доколку некој пред вас добие унапредување, бидете среќни за него/неа и продолжете со вашата добра работа и понатаму. Нема потреба постојано да покажувате дека сте подобри, бидејќи на тој начин не само што ги оддалечувате вашите најблиски од вас, туку и оставате лош пример во средината во која живеете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар