Што треба да знаете за мешање алкохол со апчиња за контрацепција?

Што треба да знаете за мешање алкохол со апчиња за контрацепција?

Ако се прашувате дали смеете да пиете алкохол додека сте на апчиња за контрацепција, тогаш слободно можете да се опуштите и да не се грижите за тоа. Ќе се изненадите кога ќе дознаете дека алкохолот нема скоро никаков ефект за којшто би требало да се грижите во однос на ефикасноста на контрацепцијата. Но тоа што треба да го знаете е дека алкохолот има влијание на вас, што потоа може да влијае на вашата контрацепција.

Human hand pouring white wine from a bottle

Дозволете ни да ви објасниме. Кога користите контрацепција, апчињата го прават токму тоа што треба да го прават, но вашето тело, од друга страна, може да не го одржи својот дел од договорот. Со други зборови, алкохолот може да ги зголеми шансите за неуспех на контрацепцијата.

Додека сте под влијание на алкохол, вашето тело се обидува најодбро што може да се одржи во оптимална функција, но не сфаќа дека всушност функционира под просекот. Според Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам, ефектите на комуникациските патишта на мозокот не се способни да испраќаат сигнали до останиот дел од телото толку ефикасно како што го прават тоа кога не се под дејство на алкохол.

Имено, алкохолот не влијае директно на вашата контрацепција, туку контрацепцијата влијае на тоа колку пијано ќе се чувствувате откако ќе почнете да пиете. Со други зборови, додека вашиот црн дроб се обидува да го обработи алкохолот, хормоните од контрацептивните апчиња може да се вмешаат во тој процес и да ја намалат неговата способост да го разложат пијалакот, правејќи ве попијани од вообичаено.

Добро е да се знае дека алкохолот и контрацептивните апчиња не функционираат добро во комбинација. Најчесто е безбедно да ги имате и двете во вашиот систем, но тоа не значи дека тие ќе соработуваат. Кога мозокот ќе престане да ви функционира на оптимално ниво, поголеми се шансите да направите грешка додека земате контрацептивни апчиња.

Прочитајте ги и овие 10 нешта кои посакуваме секоја жена да ги знае за своето здравје!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар