Што треба да знаете пред да почнете да се гледате со независна жена?

Што треба да знаете пред да почнете да се гледате со независна жена?

Ако сте со независна девојка, тогаш дефинитивно таа не е како другите со кои досега сте биле. Не се потпира на вашата рака кога сте во јавност, позафатена е од претходните ваши девојки, а вие се грижите бидејќи мислите дека таа не е заинтересирана за вас. Ако ситуацијата е ваква, верувајте, таа е заинтересирана за вас, само тоа го покажува на малку поинаков начин. Еве неколку работи што е добро да ги знаете за овие жени пред врската да стане сериозна.

shto-treba-da-znaete-pred-da-pochnete-da-se-gledate-so-nezavisna-zhena-kafepauza.mk

Потребно ѝ е време да биде сама

Оваа девојка се чувствува удобно кога е сама и затоа ѝ е потребен простор. Ова не значи дека сте ѝ досадни, но можете да ѝ досадите доколку не ѝ дозволувате да ужива во своето друштво. Тоа што сака да биде сама значи дека таа ужива во своето друштво, а вие треба да се гордеете што сте нашле таква девојка.

Таа може да се грижи за себе

Но ова не значи дека не сака и вие да се грижите за неа. Таа нема потреба вие да правите сè за неа, но сепак сака да знае дека може да го спушти „штитот“ кога е со вас.

Таа може да има свои пријатели

Таа не сака вие да „висите“ над неа кога одите на некоја забава. Ако не познава многу луѓе, таа сама ќе си најде пријатели. Нема потреба да бидете нејзино осигурување.

Сериозно си ја сфаќа работата

Не очекувајте да не отиде на работа само затоа што сте имале влезници за кино за утринските часови во текот на работната недела. Таа има цели и амбиции и многу повеќе ќе ве цени ако го почитувате тоа.

Таа е тврдоглава

Таа знае како сака да бидат направени некои работи. Свесна е дека тврдоглавоста не е нејзината најдобра одлика, но тешко е да се одвикне од неа бидејќи знае дека токму таа карактеристика ѝ помогнала да стане успешна. Бидете трпеливи со неа.

Понекогаш ќе се прашувате дали воопшто сте ѝ потребни

Потребни сте ѝ. Останете со неа. Можеби не знае како најдобро да ви го покаже тоа, но вие за неа сте целиот свет.

Таа сепак има потреба од многу љубов и внимание

Можеби нема да признае, но таа сака кога ќе добие цвеќиња и чоколадо. Таа ги сака и вашите долги прегратки. Нејзината желба за независност никогаш нема да ја надмине желбата за љубов.

Секоја жена сака да биде сакана, но секоја од нив ги искажува своите потреби на различен начин. Секој маж треба да биде среќен ако има шанса да се вљуби во независна жена.

Погледнете ги и правилата кои ги следи секоја независна жена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар