Што треба да знаете кога одите на пазар?

Ништо не ги најавува годишните времиња како плодовите на пазарските тезги. Изобилство од свежина, бои и вкусови… Имајте ги предвид следните совети кога ќе одите да пазарите:Што треба да знаете кога одите на пазар?

1. Кој рано рани, две среќи граби

Сите знаете дека продуките наутро се оние најсвежите. За време на викендите, обидете се да станете порано и да испазарите уште изутрина. Така ќе бидете сигурни дека сте го купиле најсвежото и најквалитетното на пазарот.Што треба да знаете кога одите на пазар?

2. Пробајте пред да купите

Секој продавач треба да биде среќен кога купувачот сака да проба од неговиот производ. Ако тоа не е случај, не купувајте од таа тезга. Што треба да знаете кога одите на пазар?

3. За квалитет/свежина и органски производи се плаќа повисока цена

Имате две опции: да испазарите во блискиот супермарект или да отидете на пазар. Пазарот е подобра опција, затоа што имате поголем и подобар избор на повеќе продукти. Што треба да знаете кога одите на пазар?

4. Не се ценкајте

…или па ако баш морате или сакате, правете го тоа со усул. Невкусно е да барате премногу ниски цени, а да знаете дека добивате квалитет и свежи производи.Што треба да знаете кога одите на пазар?

5. Работата на земјоделецот не е ни малку лесна

Ова е уште едно дополнување на правилото погоре. Копање, орање, садење, наводнување… Сето ова бара физичка работа и многу труд. Имајте го тоа предвид кога ќе ги видите цените на продуктите на пазарите. Што треба да знаете кога одите на пазар?

6. Поголемиот дел од продавачите се трговци на мало

Тие се оние на кои треба да им се вреднува трудот повеќе. Има и такви кои купуваат на големо и препродаваат. Пазарот треба да постои за земјоделците.Што треба да знаете кога одите на пазар?

7. Купувајте во зависност од сезоната

Нема смисла да купувате домати во зима и тикви во лето.Што треба да знаете кога одите на пазар?

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар