Што треба да знаеме за момците?

Што треба да знаеме за момците?

Можеби не се толку плитки колку што мислиме, можеби не е сè до облините и физичката привлечност и можеби и нашите „мачо“ момци сакаат понекогаш да бидат разгалени. Ова се нештата кои би ги издвоила, но слободно надополнете ја листата со вашето мислење. Па да почнеме…

Што треба да знаеме за момците?

1. Не се толку плитки… барем не сите – Она што им го задржува вниманието на прв поглед е надворешниот изглед. Но привлечноста не ја игра секогаш главната улога. Секако дека физичката привлечност е многу важна, но покрај сè, момците сакаат девојка која може да зборува за одредени теми. Доколку размислуваат за сериозна врска, секогаш ќе бараат девојка со која ќе можат да имаат долги и удобни разговори. Некоја која ги разбира, може да ги утеши, да ги сподели своите мислења и ставови. Сепак, нив не им е потребна кукла која ќе стои до нив и за доброто на двајцата не би требало често да отвора уста, туку жена која може слободно и исцрпно да дискутира.

2. Сакаат изненадувања – Помисливте дека само ние сакаме по некој цвет или подготвена вечера како изненадување? Размислете повторно, и момците сакаат одвреме-навреме да бидат изненадени. Изненадете го со добро вино, вечера или со нова долна облека. Најдобар пат до зачинување на страстите се изненадувањата.

3. Сакаат забавни девојки – Нема подобро мерило за привлечноста на една девојка од нејзината слатка насмевка. Сакаат забавни девојки со луди идеи, раширени видици и смисла за добар помин. Нели на крајот сепак, сите бараме некој кој ќе нè насмее?

4. И нив им се потребни комплименти – Не сакаме само ние комплименти за нашиот надворешен изглед. И нив им е потребно покачување на самодовербата. Можеби никогаш нема да ви го кажат тоа, но исто како што ние сакаме тие да го забележат новиот фустан или новата фризура и тие сакаат комплимент за новото парче облека. Секако дека не треба да ги опсипуваме со комплименти, но добро е да му дадете до знаење дека ги забележувате неговите позитивни страни и да ги нагласите промените во неговиот изглед кои ви се допаѓаат.

Што треба да знаеме за момците?

5. Не гледаат само во нашите облини – Да не се лажеме, си имаат по некој омилен дел од нашето тело, сепак физичката привлечност е од голема важност. Но гледаат и нешто друго. Нашите очи, усни, мирисот на нашата кожа и коса… Не ставајте секогаш акцент на вашето деколте, многу почесто можат да бидат маѓепсани од вашиот поглед.

6. Тоа што ќе погледнат во друга, не значи дека се способни за неверство – Луѓе сме и не сме безгрешни, на крајот на краиштата и ние знаеме да се свртиме по некое згодно момче. Им се случува на сите, некогаш и несвесно. Но тоа не е показател за потенцијално неверство, туку е само нешто што во дел од секунда го одвлекло нивното внимание.

7. Некогаш и тие сакаат да бидат разгалени – Да, ние сме слатки, нежни, неодоливи… и понекогаш разгалени. Но и тие, колку и да глумат „мачо“, сакаат понекогаш да бидат во центарот на вниманието, опсипени со бакнежи и нежности, дури и да почувствуваат заштита од ваша страна. Ништо страшно, само сакаат знак кој ќе им покаже дека ви значат и дека се грижите за нив.

8. Им се допаѓаат девојки кои знаат што сакаат – И покрај стереотипот да се биде „глава“ на семејството или во врската, современите мажи сакаат модерни жени. Жени кои се силни, независни, знаат сами да се изборат за себе, но најважно од сè, знаат што сакаат.

Го направивте тестот за впечатокот што им го оставате на момците?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар