Што треба да знае секоја црвенокоса девојка за својата коса?

Што треба да знае секоја црвенокоса девојка за својата коса?

Без разлика дали сте бојадисана или природна црвенокоса, едно е сигурно – никој не ужива и не се забавува како вас. И додека црнките и русокосите вечно се расправаат околу тоа кој е поубав, кој повеќе ужива во животот и кој е попривлечен за мажите, црвенокосите одамна уживаат во победата. Како што се вели: „Додека двајца се караат, третиот добива!“ Честопати се воочува дека девојките со црвеникава коса се со доста специфичен и занимлив карактер, огнено силни, секогаш привлечни и секогаш во центарот на вниманието. Но, и тие понекогаш знаат да „заглават“ барем кога е негата во прашање или едноставно начинот за стилизирање и грижа на нивната коса. Токму затоа, денес ви откриваме неколку работи кои секоја црвенокоса коса треба да ги знае.

1-to-sѐ-treba-da-znae-za-svojata-kosa-sekoja-crvenokosa-devojka-www.kafepauza.mk_

1. Маска за коса

Иако секоја девојка која се бојадисува постојано се жали, бидејќи мора да го прави тоа често и никако не може подолго да ја задржи бојата, сепак најреален и најголем проблем во врска со ова имаат црвенокосите. Многу е важно на каков начин ја негувате вашата коса, бидејќи црвената боја најмногу две недели може да изгледа во ред, а потоа станува сѐ посветла и неизедначена. Од пресудна важност е редовното нанесување квалитетни маски за коса кои влијаат на одржувањето и чувањето на бојата, па никако немојте да го прескокнувате овој чекор.

2. Испробајте неколку природни трикови

Бојата на коса не ја одржуваат само скапите препарати и разните козметички производи, туку за тоа може да ви послужат и некои производи во вашата кујна. Одличен начин за да ја „освежите“ бојата и да го продолжите времето до следното бојадисување е да нанесете сок од цвекло или брусница на мокра коса. Сокот треба да биде без шеќер! Држете го на главата околу 20 минути и потоа измијте го нормално. Ќе забележите голема промена, бидејќи вашата боја ќе изгледа посвежо, поубаво, но и негувано, бидејќи овие сокови немаат апсолутно ништо што би ѝ наштетило.

2-to-sѐ-treba-da-znae-za-svojata-kosa-sekoja-crvenokosa-devojka-www.kafepauza.mk_

3. Дозволете им на вашите пеги да се гледаат

Природните црвенокоси одлично знаат за што станува збор. И додека, за жал, е голем бројот на оние кои сакаат своите пеги да ги покријат и да ги сокријат барем на некое време со помош на шминка, би требало да им дозволите да се гледаат, бидејќи тие се вашиот заштитен знак, нешто по кое ќе ве препознаваат и нешто што ќе ви даде необичен и несекојдневен изглед. Нема многу луѓе со таква природна боја на коса и совршени пеги. Дури и кога се шминкате, немојте да користите шминка со голема покривна моќ, туку користете проѕирни пудри и коректори кои ќе направат вашите пеги да заблескаат.

4. Веѓи

Природно црвенокосите девојки често имаат потемно руса нијанса на веѓи која изгледа одлично, но би требало малку да ја изменат. Изберете молив или сенка за веѓи која одговара на најтемната нијанса на вашата коса, само водете сметка да не изберете премногу портокалов или црвен тон. Задржете се во дометот на природното со мали примеси на темно црвени нијанси, со кои совршено ќе го освежите целото лице.

3-to-sѐ-treba-da-znae-za-svojata-kosa-sekoja-crvenokosa-devojka-www.kafepauza.mk_

5. Црвена коса – црвени усни

Можеби некаде ќе пронајдете совет дека девојките кои имаат црвена коса не би требало да имаат и црвен кармин, но тоа е сосема погрешна претпоставка и совет кој никако не би требало да го послушате. Важно е карминот да нема портокалов, туку син подтон и со тоа ќе добиете одличен, „огнен“ изглед. Но, запомнете дека не треба да претерате, па во таквите ситуации шминката на очите нека биде неутрална и смирена.

6. Боја на облека

Многу пати ќе го слушнете и тоа дека црвената коса не може да изгледа добро со сите бои на облека. И знаете што, тоа е чиста лага! Можеби вам најмногу ви се допаѓа смарагдно зелена или кралско сина во комбинација со вашата боја на коса, но тоа не е апсолутниот избор кој можете да го направите. Важно е да водите сметка за тоа кои бои прилегаат на вашиот тон на кожа и тен, па така можете слободно да носите и розова, црвена или која било друга боја.

Секоја боја на коса треба да се негува, па доколку имате кафева боја на коса прочитајте ги овие совети кои секоја бринета треба да ги знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар