Што треба да запомните во тешките мигови?

Кога животот ни станува стресен, честопати ги забораваме нештата кои треба да ги запомниме, а ги паметиме нештата кои треба да ги заборавиме. Ова се 35 потсетници кои ќе ви помогнат да се мотивирате, во миговите кога тоа ви е најпотребно.

Што треба да запомните во тешките мигови?

1. Не знаете колку сте силни, сè до оној момент кога единствениот избор кој го имате е да бидете силни.

2. Понекогаш добрите нешта се уништуваат, за да можат подобри нешта да ви зачукаат на врата.

3. Не можете да промените нешто со коешто одбивате да се соочите.

4. Никој не е совршен и ничиј живот не е едноставен. Никогаш не знаете низ што сè поминуваат луѓето околу вас. Секој си има свои проблеми. Затоа, не потценувајте се ниту себеси ниту некој друг. Секој се бори на свој уникатен начин.

5. Плачењето не е знак дека сте слаби. Уште од вашето раѓање, плачењето претставува знак дека сте живи и носите потенцијал во себе.

6. Без разлика колку грешки сте направиле или колку бавно правите некаков прогрес, вие сте сепак многу понапред во однос на оние кои не се ни обиделе да направат нешто.

7. Животот не се состои во чекање бурата да помине, туку се состои во учење како да танцувате додека врне.

8. Нерасположението значи непотребно трошење на вашата шанса да бидете неизмерно среќни. Живнете!

9. Ако успеете да насмевнете една личност, можете да го промените светот. Можеби не целиот свет, но светот во кој живее таа личност. Почнете со поситни чекори и почнете од денес.

10. Понекогаш во животот морате да се дистанцирате од нешто, за да можете бистро да ја видите реалноста.

11. Никогаш не дозволувајте успехот да ве удри во глава. Никогаш не дозволувајте неуспехот да ве спушти премногу ниско.

12. Понекогаш морате да се изборите во тешките денови, за да ги заработите најдобрите денови од вашиот живот.

13. Животот се состои од 10% од она што се случува и 90% од начинот на кој вие реагирате на тоа што се случува.

14. Можете да научите одлични лекции од вашите грешки, доколку не сте презафатени негирајќи дека сте ги направиле.

15. Престанете да се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас. Тоа што тие го мислат не е воопшто важно. Важно е само како вие се чувствувате во врска со себеси.

16. Кога ќе престанете да ги бркате лошите работи, ќе им дадете шанса на добрите нешта да ве уловат.

17. Кога другите луѓе ве третираат лошо, продолжете да си бидете свои. Никогаш не дозволувајте горчината на некој друг, да ве промени како личност.

18. Морате да прифатите дека некои работи никогаш нема да бидат ваши и да научите да ги цените оние кои се единствено ваши.

19. Понекогаш наједноставниот начин да се справите со некој проблем, е да се чувствувате како да сте единствената личност на светот која е незадоволна, пати, се мачи да излезе од дупка и едвај излегува на крај. Но, тоа чувство е лажно. Доколку малку почекате, некој ќе ве пронајде и ќе ви помогне да се чувствувате подобро. На секој од нас ни е потребна помош понекогаш. Потребна ни е личност која ќе ни помогне да ја чуеме музиката во нашиот внатрешен свет. Некој кој ќе не потсети дека нема секогаш да биде вака и дека постојано ќе имаме некој кој мисли на нас.

20. Не плашете се да излезете од вашата „комфорна зона“. Некои од најдобрите животни искуства и можности, се појавуваат само доколку сте спремни да изгубите.

21. Понекогаш ненамерно дозволуваме малите проблеми да ескалираат и да започнат да доминираат во нашиот живот. Ако продавачот ви наплатил 30 денари повеќе, тоа може да ве изнервира, но не дозволувајте да ви го уништи денот. Во животот, постојано ќе постојат мали нешта кои ќе нè иритираат. Тајната се состои во тоа да се трудите да им го дадете најминијатурното внимание, кое што навистина го заслужуваат.

22. Кога кревате раце од нешто, не мора да значи дека сте слабаци. Понекогаш може да значи дека сте доволно силни и доволно паметни за да завршите со тоа поглавје од вашиот живот.

23. Запрашајте се себеси кои луѓе во вашиот живот ве расположуваат, а кои ве влечат надолу со нивниот негативизам. Не заборавајте дека опкружувајќи се себеси со позитивни луѓе полни со љубов, вие сте веќе на половина пат кон среќниот и успешен живот.

24. Немојте да поминувате премногу време оптоварувајќи се со минатото и грижејќи се за иднината. Животот е она што се случува сега. Живејте го моментот.

25. За да можете да бидете креативни, морате да престанете да се плашите дека ќе погрешите.

26. Понекогаш, недобивањето на она по кое сте копнееле долго време, е најдоброто нешто кое можело да ви се случи.

27. За да бидете одлични, не значи дека треба да бидете доминантни врз другите луѓе. Тоа значи дека треба да бидете способни да доминирате со вашиот сопствен потенцијал.

28. Ако имате страст да правите нешто во животот, продолжете со тоа, без разлика што другите луѓе мислат. Таа е постапката за остварување на вашите најголеми соништа.

29. Ако некоја личност сака да биде дел од вашиот живот, таа ќе вложи видлив напор за да го стори тоа. Не трудете се да резервирате во вашето срце, место за оние кои не се трудат да останат во него.

30. Немојте да се каете за вашите интимни врски кои не завршиле добро бидејќи тие ќе ви помогнат да го пронајдете вистинскиот партнер за вас и повеќе да го цените поради она што е и поради она кое го прави за вас.

31. Животот не им се насмевнува на оние кои се перфекционисти, туку на оние кои се борат да ги направат работите како што треба, а за да ги направите работите како што треба, потребно е да бидете несовршени во 99% од времето.

32. Сосема е во ред да се чувствувате гневно понекогаш. Во ниеден случај не е во ред да бидете злобни со некого.

33. Чувствувањето добро и чувствувањето лошо, се секогаш променливи категории.

34. Не молете се кога врне, ако не се молите кога ве грее сонце.

35. Парите се обновлив ресурс. Ако сте изгубиле некои пари, не очајувајте. Секогаш можете да направите повеќе. Но, доколку потрошите драгоцен временски период стресувајќи се околу секој денар или поради губење на некоја битна шанса, никогаш нема да можете да го вратите тоа време назад. Времето е многу поважно од парите. Времето е темелот на животот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. K. Reply

    Odlicni se ^^^

  2. Pero Reply

    и дека со копирање никогаш нема да бидеш подобар од оригиналот :)

  3. Mia Reply

    Времето е многу поважно од парите. Времето е темелот на животот.

    Оваа реченица треба да му се вреже на секој човек во мозокот!!!

Остави коментар