Што треба да поседува еден возрасен маж?

Промената од откачен детинест дечко кон возрасен маж некогаш во животот мора да се случи. Тоа секако значи зрелост во однесувањето, но и во некои други работи. Овие 7 нешта, доколку не ги поседувате, ве издаваат дека сè уште не се пораснале:

Што треба да поседува еден возрасен маж?

1. Соодветна облека – Можеби поседувате едно сако за сите посебни прилики во вашиот плакар, но и тоа е напразно доколку го искомбинирате со широки фармерки кои ви се влечат на подот и патики за трчање.

2. Машки кожен паричник – Спортските паричници со лепенка едноставно не се за возрасен човек.

3. „Возрасен“ пешкир – Доколку сте веќе возрасна и самостојна личност, сосема е нормално девојки да преспиваат кај вас. Ако девојка ви побара пешкир за туширање, погрижете се да не ѝ го подадете оној со Џивџи.

4. Алат – Не мора да сте којзнае каков мајстор, ама клешта и чекан мора да ви се наоѓа по дома.

5. Пасош – Девојка ви ве кани на патување за двајца кое го добила на наградна игра. За жал, без пасош тешко дека ќе ве пуштат во авионот за Виена.

6. Добра долна облека – „Бетменките“ едноставно не се секси. Широките шарени боксерки се за тинејџери. Одиме понатаму.

7. Исправна кола – Не мора да е спортски модел на автомобил или некој што ќе импресионира со еден куп врвна технологија, но барем треба да може да ве однесе заедно со девојка ви таму каде што сте тргнале. Не би било баш џентлменски да ја прашате дали би сакала да турка додека ви запали колата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар