Што се случува кога го криете проблемот, а што кога ќе кажете што ве мачи?

Што се случува кога го криете проблемот, а што кога ќе кажете што ве мачи?

Сигурно ви се случило да имате некаков проблем кој целосно го окупира вашиот мозок, прави да се чувствувате лошо, да мислите дека само вам може да ви се случи нешто такво. Ви се случило ли да се срамите од она што ве мачи и да го потиснувате во себе мислејќи дека ако го игнорирате ќе мине побрзо? Секој има тешки периоди во животот, не сте единствени. Еве зошто не треба да молчите и да го игнорирате она што ве мачи, туку да му се доверите некому.

Што се случува кога го криете проблемот а што кога ќе кажете што ве мачи?

Што се случува кога го чувате проблемот во себе?

Проблемот целосно го окупира вашето внимание

Иронично, колку повеќе се трудите да не мислите на тоа што ве мачи, толку повеќе мислите на истото. Може да мине пола ден или ден без да му придадете значење, но потоа ви се враќа истото она чувство, само со поголема сила.

Влијае на тоа како ги извршувате вашите задачи

Ќе ви биде ужасно тешко да се сконцентрирате на учењето или да направите нешто добро на работа. Ќе ви се чини дека постојано заборавате, ќе имате проблем да се сконцентрирате и да се организирате. Проблемот е како темен облак надвиснат над вашите глави кој не ви дозволува да бидете слободни, свои или исполнителни во вашата работа.

Се чувствувате навистина лошо

Не ги гледате нештата кои некогаш ве правеле среќни. Се залажувате себеси дека нема што да направите, но знаете дека би можеле да разговарате со некој близок само што не можете да соберете храброст.

Што се случува кога го криете проблемот а што кога ќе кажете што ве мачи?

Претерано размислувате

Несигурни сте во себе и претерано размислувате за сè што се случува околу вас, поврзувајќи го со вашиот проблем. Ги анализирате луѓето и нивните постапки посакувајќи да најдете некакво решение, некаква поврзаност. Станувате меланхолични и нерешителни, па навистина ви е тешко да направите што било.

Се измачувате себеси

Како да сте затворени во некоја бездна и никако да излезете на слобода. И сами чувствувате како некој да ви ги врзал мислите и ги насочил само кон негативното. Се чувствувате како упорно да трчате кон ќорсокак, кон ситуација од која нема излез.

Не може да го живеете животот онака како што сакате

Бидејќи сте попречени од вашите лоши мисли. И сами чувствувате дека сте заглавени и стоите во место додека светот околу вас неуморно се движи.

Дозволувате некој друг да го живее вашиот сон

Заборавате на своите соништа и цели. Престанувате да верувате во себе и во тоа дека може да успеете, правејќи му простор на некој друг кој верува во себе.

Што се случува кога го криете проблемот а што кога ќе кажете што ве мачи?

Што ќе се случи кога ќе зборувате со некого за вашиот проблем?

Ќе почувствувате како голем товар да ви се тргнал од раменици

Другата личност може да не ви рече ни збор, да биде далеку од одговорот за вашиот проблем, но самото тоа што ќе ѝ се доверите ќе ве ослободи макар делумно од товарот. Ќе почувствувате како вашиот проблем го делите со некого и повеќе не е само ваш. Токму затоа служат членовите на семејството и блиските пријатели, да земат дел од тој товар бидејќи никој не може да чекори сам.

Ќе се прашувате зошто сте чекале толку долго

Ако решението било толку едноставно, зошто сте чекале толку долго да го споделите вашиот проблем со некого?

Ќе сфатите дека признавањето на вашиот проблем било далеку побезопасно од она што сте го замислувале

Може ќе ви биде тешко да почнете да зборувате за она што ве мачи, но штом еднаш се отворите ќе кажете сè што ви лежи на душа.

Во ред е да има нешто што ве мачи, секој искусува такви чувства. Не сте сами и не мора да бидете. Одберете ја личноста на која ќе ѝ се доверите, пријател, родител, психијатар, духовен водач. Криењето на проблемот нема да направи истиот да исчезне, туку само да стане поголем.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар