Што сѐ предизвикува намалена желба за секс?

Што сѐ предизвикува намалена желба за секс?

Понекогаш ви се случува да немате желба за секс, но не знаете зошто се чувствувате така? Причината за тоа може да биде храната што сте ја јаделе во текот на денот, стресот, недостаток на сон или можеби депресија.

Што сѐ предизвикува намалена желба за секс?

Контрацепциски таблети

И покрај тоа што истражувањата за влијанието на таблетите за заштита од бременост на желбата за секс се различни, истражувањето спроведено во 2010 година забележало намалена сексуална желба и возбуда кај жените кои користат контрацепциски пилули, во однос на оние кои не ги користат.

Недоволно сон

Истражувањата спроведени во 2011 година покажале дека мажите кои спијат помалку од пет часа дневно имаат значителен пад на нивото на тестостерон, што може да предизвика намалена желба за секс. Научниците претпоставуваат дека и кај жените недостатокот на сон подеднакво влијае на сексуалната желба.

Јадете премногу

Внесувањето во организмот преголема количина заситени масти може да ги затвори артериите и да го намали протокот на крв во полните органи, па тоа исто така може да биде една од причините за намалена сексуална желба.

Не јадете доволно

Недоволно внесување калории во организмот во текот на денот значи и недостиг на желба за секс, бидејќи ако сте гладни и немате доволно енергија, не е ни чудно што вашиот сексуален нагон е толку низок.

Производи за поттикнување на растот на косата

Истражувањата спроведени во 2011 година покажале дека производите кои го подобруваат растењето на косата, можат да предизвикаат низок сексуален нагон и лоша ерекција кај мажите.

Стрес

Стресот е еден од најголемите непријатели за страста во спалната соба. Резултатите од повеќе спроведени истражувања покажале дека кај жените виновник за отсуството на сексуална желба, се стресот и заморот. Во едно американско истражување спроведено во 2011 година, дури 60% од жените изјавиле дека токму тие два фактора го влошиле нивниот сексуален живот.

Депресија

И покрај тоа што на стручњаците сѐ уште не им е јасна поврзаноста помеѓу сексот и депресијата, сепак е факт дека таа може да предизвика намалена сексуална желба. Во едно истражување, 70 % од учесниците кои пателе од депресија, имале намалена желба за секс, а не користеле никакви лекови.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. alma Reply

    ILI LJUBOV !!!!?

Остави коментар