Што сè можете да правите голи?

Што сè можете да правите голи?

Што сè можете да правите голи во вашиот топол стан? Пробајте во топлината и удобноста на вашиот дом да ги фрлите сите партали од себе и да му приредите на партнерот или партнерката вистинско изненадување!

shto-se-mozhete-da-pravite-goli-kafepauza.mk

Ви претставуваме неколку предлози кои ќе ви дадат идеја што можете да правите голи, а притоа тоа да не води нужно до секс. На паровите со краток стаж, ова ќе им долeе масло на огнот, додека ветераните, после малку срамење и воздржување, ќе ја разбудат страста во себе и ќе пронајдат нова причина за смешкање наредниот ден.

Нека таа биде вашиот фотомодел

Најдете го вашиот дигитален фотоапарат и предложете ѝ на партнерката секси фотосесија. Започнете сосема облечени, за да би ѝ дале доволно време да се почувствува самоуверено и секси, а потоа за секое парче кое таа ќе го отстрани од себе, на подот фрлете едно од вашите. Потоа легнете ја на креветот или пак одведете ја во бањата на топла купка во кадата. Можностите се бесконечни, пробајте да се фотографирате во секоја просторија од домот. Секако, за ваквата игра мора да постои потполна доверба и почит. Не смеете да ризикувате вакви опасни игри со некој кој би можел да ги злоупотреби вашите интимни докази.

Почестете го со масажа

Масажата е најдоброто оружје против стресот и нема личност на светов која би ја одбила. По напорниот ден кажете му на партнерот дека ќе се погрижите за него. На креветот ставете пешкир, речете му на партнерот убаво да се смести и да почне да ужива. Фатете го маслото за масажа, загрејте го меѓу рацете и нека ве води неговото тело. Задолжително исклучете ги телефоните и телевизорот, а пуштете некоја тивка, романтична, приспивна музика.

Стриптиз покер

Ако немате поим какви се правилата за играње покер, играта ќе биде смешна и кратко ќе трае, но тоа е и поентата, зарем не? Како што играчот ќе губи, ќе мора да слекува по едно парче облека од себе. Ако сакате попредизвикувачка игра, победникот нека одреди кое парче да заврши на подот.

Штедете вода – за двајцата е подобро!

Зошто да не се избањате заедно. Заедничкото туширање може да биде ритуално искуство кое ќе ве зближи и подеднакво ќе ви ја загрее страста во врската. Изненадете ја партнерката со спремна бања – сетете се на сите реклами за спа-центри за кои ви зборувала и обидете се да го доловите тој изглед. Запалете ситни свеќички, придушете го светлото, а ако се чувствувате посебно романтично, купете неколку рози и ливчињата посипете ги по подот. Ќе создадете романтична атмосфера, а таа ќе биде многу задоволна. Колку? Па, ќе ви покаже во кадата…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар