Што се крие зад лошите навики на мажите?

Познато е дека никој не е совршен, но некои навики кај мажите може да бидат навистина вознемирувачки. Сепак, експертите успеаја да ги откријат и да ги дешифрираат најчестите лоши навики кај посилниот пол.

Што се крие зад лошите навики на мажите?

Пишува СМС-пораки за време на состанокот

Пишувањето пораки за време на состанок често го поврзуваме со покажувањето незаинтересираност, но експертите го тврдат спротивното. Според нив, оваа навика не значи нељубезност и незаинтересираност. Ова значи дека тој се чувствува удобно кога е со вас и дека има целосна слобода при изразувањето. За мажите оваа навика не е голема работа и можат да престанат со праќањето пораки, доколку вие го побарате тоа од нив. Едноставно, кажете му дека неговото однесување прави да се чувствувате како да не сте му важни и замолете го да го користи телефонот само кога е навистина потребно.

Секогаш кога ќе побарате негово мислење, тој е неутрален

Експертите велат дека кога мажот не знае што сака жената, тогаш тој попрво ќе молчи отколку да каже нешто погрешно. Затоа, ако побарате негово мислење околу нешто за што тој не знае многу, бидете сигурни дека нема да добиете никаков одговор. Колку повеќе тој знае за вас и вашите интереси, толку помалку ќе се соочувате со оваа ситуација. Ако оваа навика се повторува подолго време, кажете му дека очекувате тој да биде поодлучен наредниот пат кога ќе побарате негово мислење.

Што се крие зад лошите навики на мажите?

Не зборува многу кога ќе се врати од работа

Докажано е дека мажите се подобри од жените во одвојувањето на работните обврски од приватниот живот. Потребно им е малку повеќе време за да се преориентираат од работа на некој друг аспект од животот. Исто така, потребно им е време за да си ја обноват потрошената енергијата. За да ја спречите оваа навика, изберете некоја активност која ќе ја правите заедно, но која нема да бара многу енергија.

Се подготвува во последен момент

Мажите не признаваат дека во просек им е потребно исто толку време за подготовка, колку што им е потребно и на жените. Ако постојано го потсетувате на овој факт, постои можност да станете здодевни. Наместо тоа, половина час пред излегување потсетете го колку ви се допаѓа неговиот изглед, стилот на облекување и неговата фризура. На тој начин потсвесно ќе го натерате да сфати дека е потребно да вложи повеќе време и труд за да го привлече вашето внимание.

Што се крие зад лошите навики на мажите?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар