Што сакаат мажите да добијат за подарок?

Што сакаат мажите да добијат за подарок?

Карти за спортски натпревар, убаво парче облека, парфем, балсам за после бричење или цел козметички сет, се само дел од работите кои би можеле да го израдуваат вашиот партнер. Без разлика што ќе одберете за него, имајте на ум дека мажите најмногу ценат подароци кои се практични.

Стереотипот дека мажите сакаат гаџети е точен

Бројните истражувања потврдија дека мажите најмногу сакаат поклони од технолошка природа. Притоа се мисли на таблети, смартфони, плеери, делови за компјутер, сет за домашно кино, фотоапарати и слично. Истражувањата откриле дека мажите ќе уживаат и во нивното користење.

Што сакаат мажите да добијат за подарок?

Облеката е практичен подарок

Убави боксерки, маица, кошула или патики, можат да бидат одличен избор за подарок за него. Како што поголемиот дел од мажите не се некои големи љубители на шопинг, особено не на облека, доколку го погодите неговиот стил, ќе ви биде многу благодарен. Пред да се упатите кон бутиците, размислете за тоа што тој навистина би сакал да има и дали ќе одговара на неговиот стил.

И мажите сакаат козметика

Повеќето мажи сакаат да имаат убав и негуван изглед без премногу труд, а како што не се нешто премногу упатени во изборот на козметика, одбирањето на вистинските производи може да им претставува проблем. Квалитетен парфем, сет за бричење, сет за капење и слично, ќе ги задоволи неговите практички потреби за нега.

Што сакаат мажите да добијат за подарок?

Ќе се израдува на карти за натпревар/концерт

Карти за натпревар во кој игра неговиот омилен клуб или карта за неговиот омилен музички бенд, се поклони со кои не можете да погрешите. Исто така можете да му купите и билет за некоја активност која знаете дека сака да ја проба, но никогаш немал прилика, како на пример возење картинг или качување по вештачка карпа.

Видео игрите се забавен поклон

Игриците за Сони Плејстејшн или Нинтендо Ви, како и додатоците како разни џоистици и подлоги со сензори се идеален подарок за мажите кои сакаат на ваков начин да го поминуваат своето слободно време.

Домашно милениче е супер поклон, но само ако сака

Нов, бушав пријател е секако еден незаборавен и многу драг подарок, но немојте да му го купувате доколку тој нема услови да го чува или па ако никогаш не изразил желба да го има. Размислете за животното коешто планирате да му го купите и во согласност со неговото слободно време и можности.

Моден додаток

Рачен часовник, накит, паричник или практична торбичка, се исто така добар избор за подарок. Пред да одберете поклон размислете за неговиот моден вкус, преку коментирање со него за слични предмети кои сте ги виделе на интернет или во списание.

Што сакаат мажите да добијат за подарок?

Алат или прибор за хоби

Мажите обожаваат постојано нешто да поправаат и склопуваат, па ако нема адекватен алат, тоа може да биде одличен подарок за него.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар