Што сѐ треба да знаете за нискиот крвен притисок и неговото регулирање?

Што сѐ треба да знаете за нискиот крвен притисок и неговото регулирање?

Ако често сте уморни, ви недостасува енергија и ви се врти во главата, тогаш веројатно имате хипотензија или низок крвен притисок.

Висината на крвниот притисок е главно генетски предиспонирана. Затоа не е ретко некои луѓе целиот нивен живот да имаат низок притисок, односно оној што е понизок од 120 со 80. Проблемите со нискиот крвен притисок се најчесто поврзани со наглите температурни разлики и промените од ладно во топло време.

Што сѐ треба да знаете за нискиот крвен притисок и неговото регулирање?

„Топлината предизвикува ширење на крвните садови, па крвта бега во периферните делови на телото и притисокот дополнително паѓа. Потоа се јавуваат симптоми како поспаност, безволие, нестабилност, губење рамнотежа, главоболка и расеаност – што може да биде многу непријатно. Посебно треба да внимаваат постарите лица кои поради нискиот крвен притисок паѓаат и можат сериозно да се повредат“, вели д-р Мирјана Лапчевиќ.

Нискиот притисок почесто го имаат жените, посебно оние во средните години (30-ти, 40-ти и 50-ти) и ним им се советува да водат сметка за исхраната и да не држат строги диети. Хипотензијата може да се јави и како последица на дехидратацијата, депресијата, кардиоваскуларните болести и бактериските инфекции. Симптомите на нискиот крвен притисок најчесто настануваат поради послабата циркулација.

„Нискиот крвен притисок може да се регулира со внесување доволни количини течности и сол. Солта помага водата да се задржи во организмот. Корисно е да се напиете една чаша црно вино пред ручек и една пред вечера, бидејќи црното вино е богато со флавоноиди и е добар антиоксиданс, па се користи и како лек за хипотензијата. Треба да се внесуваат што повеќе пијалаци: Вода, не премногу засладени сокови, солени супи и чорби“, советува д-р Лапчевич.

Оние кои имаат низок крвен притисок можат да ги намалат симптомите со еден умерено ладен туш по спиење. Исто така, притисокот е најнизок во првиот час после јадење, но овој проблем се намалува ако јадете почесто, а помали оброци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар