Што правите кога некој ќе ве повреди? 5 начини на кои си го уништувате животот

Секој од нас различно реагира кога е повреден. Ако одберете една од овие 5 опции, тогаш само си го уништувате вашиот живот. Ако на повредата одговарате со кој било од овие начини, само си ја влошувате вашата ситуација.

shto-pravete-koga-nekoj-kje-ve-povredi-5-nachini-na-koi-si-go-unishtivate-zhivotot-kafepauza.mk

1. Барате одмазда

Нормално е да сакате да се одмаздите и искушението е навистина големо. Но, на овој начин само си наштетувате. Одмаздата секогаш има негативен исход. Едно истражување тестирало како се чувствуваат луѓето откако ќе се одмаздат. Резултатите покажале дека среќата и задоволството не биле едно од овие чувства. Тие кои се одмаздиле се чувствувале дури и полошо од оние кои не направиле ништо за личноста која ги повредила. Ова докажува дека одмаздата нема да ви донесе задоволство, па затоа најдобро е само да продолжите понатаму.

2. Ја ширите вината

Кога некој ќе ве повреди, најздравата опција за прифаќање е дека одлуката била на личноста што ве повредила и на никој друг. Но, многу често вината се проширува и на другите. Жените сметаат дека сите мажи изневеруваат, други мислат дека на никој странец не може да му се верува и слично. Ова има лошо влијание на идните врски и пријателства. Оставете ја вината таму каде што припаѓа. Никој не е виновен освен личноста што ве повредила.

3. Се обвинувате

Навистина е одлично да преземате одговорност за вашите постапки, но префрлањето на целата вина на себе нема да ви биде од помош. Ако вашата самодоверба е погодена, можеби е лесно да се убедите дека сите ве напуштаат бидејќи сте ужасна личност. Подобро е да прифатите дека некои врски едноставно не функционираат, а некои пријателства не траат засекогаш. Бидете свесни за вашата улога во ситуацијата, но не дозволувајте болката да ја замагли вашата перцепција. Мала е веројатноста дека вие сте виновни за она што ви се случило.

4. Чувствувате омраза

Омразата е најдеструктивната емоција. Кога некој што го сакате ве повредил, многу често чувствувате омраза кон него. Многу е полесно силната емоција да се претвори во друга силна емоција, па љубовта станува омраза. Во ред е да почувствувате збир од емоции, но не дозволувајте омразата да остане во вас.

5. Простувате и заборавате

Простувањето е клучно за да продолжите понатаму, но заборавањето нема иста улога. Кога заборавате како се одвивала некоја ситуација, многу е веројатно да ја повторите грешката. Простете му на момчето што ве контролира, но не ги заборавајте предупредувачките знаци на нездрава врска. Немојте да простувате и да заборавете. Простете и научете.

Погледнете и зошто треба да простувате.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар