Што партнерот повеќе посакува кај вас, задникот или градите?

Доколку тој е љубител на „позадината“, жената ќе ја одмерува прво одоздола, од стапалата па нагоре, сѐ додека не стигне до својот омилен дел. Доколку пак повеќе го интересира предниот дел, жената прво продорно ќе ја погледне во очи, а потоа ќе се фокусира не нејзините гради.Што партнерот повеќе посакува кај вас, задникот или градите?Без разлика дали вашиот партнер е тип маж кој ве одмерува од глава до пети или пак од пети до глава, факт е дека во тој момент тој прави ментално скенирање на вашите убави делови од телото, за да може потоа да си ја врати убавата слика во мислите, кога тоа ќе му биде овозможено.

Менталната слика која мажите ја зачувуваат кога ќе видат гола женска фигура, се складира во нивниот дел од мозокот кој е задолжен за долгорочно паметење и таа слика може да ја повикаат во секој мечтателски момент, па дури и неколку години подоцна. Ова е многу охрабрувачки податок за жените бидејќи истиот докажува дека мажите се визуелни оптимисти. Тие на еден природен начин ги прескокнуваат помалку идеалните делови од женското тело, со цел да можат да го видат само она најдоброто што таа го поседува.Што партнерот повеќе посакува кај вас, задникот или градите?Од друга страна, едно истражување спроведено во 2010 година од страна на германски научници, открило дека зјапањето во женските гради е здраво за мажите и им го продолжува животниот век. Керен Ведрбеј, која е геронтолог и автор на студијата вели дека зјапањето во женските гради е еквивалентно на интензивно вежбање и може да го продолжи животниот век кај мажите до 5 години. Поточно, 10 минути гледање во гради на добро надарена жена, е грубо кажано еднакво на 30-минутни аеробик вежби. Воедно тоа ја подобрува циркулацијата, го намалува високиот крвен притисок и го регулира пулсот кај мажите.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар