Што откриваат детските цртежи?

Дел од психолозите и педагозите советуваат, родителите да обрнат поголемо внимание на цртежите на нивните деца. Иако не треба да се генерализира, бидејќи секое дете е посебно, сепак, следните укажувања можеби ќе ви помогнат да откриете што се случува во моментот со вашето дете…

  • Жолтата, портокаловата, зелената и сината боја, децата ја користат за да прикажат среќни моменти, а кафеавата, црвената и црната за тажни.
  • Децата кои користат топли бои се најчесто импулсивни, енергични и пријателски настроени кон другите. Ладните бои пак, се карактеристични за мирните и нежни деца, кои се емотивно воздржани и многу често играат сами.
  • Доколку цртежот е на левата страна од листот, тоа значи дека детето е повеќе приврзано за мајката, а ако е на десната тоа е понаклонето кон таткото. Среќно и задоволно дете е она кое црта на средина на листот.
  • Недостатокот на боја во цртежите може да значи проблем во социјализацијата на детето, а претераната употреба на одредени бои, може да биде индикатор за пречки и нарушувања во неговиот развој.
  • Премногу црвена боја во цртежите води кон заклучок дека детето е раздразливо. Доколку пак, одбива да ја користи, тоа може да биде аларм дека детето е под стрес.  Треба да се открие причината за стресот и да се создаде мирна атмосфера за одмор за детето.
  • Зелената боја покажува емоционална стабилност, но ако е пренагласена може да значи несигурност. Таквите деца треба да се охрабруваат и да им се овозможи поголема слобода.

  • Премногу кафена боја користат децата во чии семејства се бара висока хигиена.
  • Доминантната црна боја пак, е знак за депресија, страв и несигурност, кои детето не може само да ги надмине, па затоа му е потребна голема поддршка и помош од родителите.
  • Тенки и испрекинати линии цртаат срамежливите и несигурни деца. Тие ги кријат своите цртежи и обично цртаат премногу мали фигури во аглите на хартијата. На овие деца им е потребно големо внимание, љубов и пофалби.
  • Долгите, прави и темни линии се карактеристични за агресивните, каприциозни и самоуверени деца.
  • Емоционално стабилните деца никогаш не повторуваат фигури во своите цртежи, додека пак, децата кои не можат да се прилагодат на новонастанати ситуации, ги копираат своите цртежи. Со тоа сакаат да избегнат соочување со проблеми, кои ги носи новата ситуација. Повторувањето детали и ликови може да значи и недоволна ментална зрелост на детето.
  • Детето кое е емотивно приврзано за своите родители и тие му се премногу важни, нивните фигури ги црта големи и блиску до себе. Во неговите цртежи членовите на семејството се држат за раце. Посебно внимание во цртежите треба да се обрне на нозете од родителите. Доколку ги црта боси, без стапала или без нозе, тоа може да значи дека нема доверба во нив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар