Што не треба да прават децата на интернет?

Денешните деца, сè помалку скокаат на ластик и си играат со топка во парковите. Тоа е сосем нормално, бидејќи живеат со глобализацијата, па не е воопшто чудно што ги интересираат новите технологии, сакаат да бидат во тек со сите нови модели на мобилни телефони и се љубопитни да знаат што прават нивните другарчиња на интернет.

Меѓутоа поминувањето премногу часови пред компјутер е дефинитивно нездрава навика, поради која некои родители решаваат да ги казнат своите деца. Недавање дозвола за вклучување на компјутерот, исклучување на интернет-конекцијата, забрана за играње компјутерски игри, се некои од најчестите методи со кои обично се служат родителите за да ги казнат своите деца за прекумерното „киснење пред компјутер“.Што не треба да прават децата на интернет?Фондацијата Метаморфозис“ има изработено многу интересен проект, кој ни покажува како да ги научиме помладите да се однесуваат одговорно додека се поврзани на интернет и како да се заштитат од евентуалните опасности кои тој ги носи. Проектот има интересен пристап во едукација на најмладите, преку забавни онлајн игри и кратки филмови базирани на реални ситуации. Со нив, децата можат да се свестат за некои грешки кои ги прават додека сурфаат, а родителите можат да бидат сигурни дека тие се на безбедна веб-локација.

Прекумерното сурфање, четување и играње компјутерски игри, навистина може да предизвика зависност. Но, постојат и далеку посериозни проблеми од овие. Сте слушнале за терминот „сабјернасилство“? Да, и тоа постои.

Во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ се направени 10 игри за деца, меѓу кои и 2 квиза од типот на „Милионер“, кои се наменети и за тинејџери и се многу интересни. Не само младите, со овие игри пожелно е да се истестираат и повозрасните, за да проверат до кој степен имаат познавања за опасностите на интернет.

Филмовите, како и игрите, опфаќаат разновидни теми, како чување на личните податоци на интернет, паметно користење на веб-камерите, етичко однесување со врсниците на интернет исто како во реалниот живот, финансиски злоупотреби на интернет итн.

Важно е дека секоја игра и секој филм завршуваат со моќна порака која не ги оттргнува децата од компјутерот, туку им ја подига свеста за негово користење „со памет“. Еве неколку препораки кои произлегуваат од нив:

  • Постои живот и надвор од видеоигрите. Не заборавајте да го живеете!
  • Во ред е да купувате преку интернет. Но, децата тоа треба да го прават заедно со своите родители.
  • Луѓето во виртуелниот свет не се секогаш тие коишто се претставуваат. Внимавајте со кого зборувате онлајн!
  • Не дозволувајте да ве наведат на несоодветно однесување пред веб-камерата!
  • Лозинките се лични, не треба да се споделуваат со други.
  • Можете да имате 1.000 пријатели на интернет. Важно е со колку од нив се дружите надвор од чет-прозорчето.
  • Почитувајте ја приватноста на другите!
  • Плагијатите лесно се откриваат. На интернет треба да се истражува, не да се препишува.
  • Ако крадете преку интернет со туѓ идентитет, повторно може да бидете фатени.
  • На интернет има многу информации. Не се сите точни.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. 050505 Reply

    Bravo za statijava Kafe Pauza.. navistina treba da bideme svesni za opasnostite na internet..

Остави коментар