Што не смеете да правите по прекинување на врската?

Љубовните врски често доживуваат крај поради многу причини. Додека раната е свежа а чувствата измешани, лесно се прават погрешни чекори кои можат да ви наштетат на многу начини. Ова се 7 нешта кои не смеете да си дозволите да ги направите по раскинување.

Што не смеете да правите по прекинување на врската?

Упс, пораката ти ја испратив по грешка.

Мора макар еднаш по раскинување да сте добиле или пратиле порака која наводно е испратена на погрешна личност. Можеби порака на Фејсбук или на мобилен, со цел да го направите вашиот бивш партнер макар малку љубоморен. Упс, пораката ти ја испратив по грешка. Да, секако. Далеку од грешка, секој збор бил внимателно испланиран а другата личност го знае тоа, што прави да изгледате навистина очајно. Се сеќавате на онаа карактеристика, како беше, а да, гордост и самопочит? Избришете ја пораката пред да кликнете „испрати“.

Претерано анализирање на врската

Во глава упорно го вртите секој момент и секој збор одново и одново мислејќи дека ќе најдете одговор на некои прашања. Но единствен исход од тоа би било лутина и многу солзи. Престанете да го анализирате минатото. Се случило бидејќи така требало да биде а за одредено време ќе ви биде јасно како ден зошто таа врска пропаднала, и ќе сфатите дека всушност тоа било најдоброто што можело да ви се случи. Претераното анализирање на минатата врска ќе ве спречи да живеете во сегашноста, да се опоравите доколку сте биле повредени, и секако, ќе повлече уште еден куп погрешни чекори кои веројатно ќе ги направите.

Што не смеете да правите по прекинување на врската?

Брзо влетување во нова врска

Прво, може да завршите уште поповредени. Второ, може да ја повредите другата личност која ќе се чувствува како да била искористена. Дајте си време, запознавајте нови личности, не брзајте и не влегувајте во нова врска во период кога вашите чувства се нестабилни. Вие можете и сами. Нигде не пишува дека мора да имате дечко/девојка.

Што не смеете да правите по прекинување на врската?

Забава! Забава! Забава!

Да, вие сте млади, убави и спремни за забава, подготвени да му покажете на светот колку ви е добро по раскинувањето. Не, не сте обврзани никому да му докажувате ништо. Напротив, станувањето парти-манијак, постојаното постирање слики на социјалните мрежи и уште еден куп работи со цел да докажете колку ви е добро без него/неа, само ќе ви помогнат да покажете дека со сила се трудите да изгледате така.

Во ред е да кренете чашка и да го прославите новиот статус сингл, особено доколку прекинувањето на врската била ваша желба. Но не трудете се никому да му докажете ништо. Така постигнувате сосема спротивен ефект. Чувствата не се потиснуваат со гласна музика и алкохол. Така може само побрзо да ги изнесете на површина.

Што не смеете да правите по прекинување на врската?

Зборување за бившиот партнер

Лошо е кога врската целосно ве дефинира. Уште полошо е кога си дозволувате да бидете дефинирани од вашето раскинување. Да, зборувањето за бившиот/та може да биде еден начин на терапија, особено доколку имате другар/ка кој/а знае добро да ве сослуша и да ви даде разумен совет. Но, постојаното спомнување на вашата мината врска, или уште полошо, јавното зборување лошо за бившиот/та, само ќе направи да изгледате очајно и наголемо ќе ве спречи да продолжите понатаму. Вие можете подобро од тоа.

Опсесивноста како ново хоби

Сконцентрирајте се на нешто ново, потрудете се да се надградите себеси. Пронаоѓањето ново хоби или ново поле на интерес е одличен чекор по прекин на љубовната врска. Само не дозволувајте вашето ново хоби да биде опседнатост со бившиот партнер. Престанете да следите нечии профили, или не дај Боже, да ја следите личноста во живо и да внимавате на секој нејзин чекор. Зошто упорно би се заглавувале себеси во минатото? Врски се прекинуваат постојано, а и бракови се распаѓаат. Никогаш не дошол крај на светот поради тоа.

Што не смеете да правите по прекинување на врската?

Лошо справување со предметите кои ви враќаат спомени

Можеби чувањето на ланчето кое ви го подарил ви изгледа целосно невино, но можеби не е. Можеби потсвесно не можете да се ослободите од спомените. Фрлете го, подарете го, ослободете се од него. Но можеби би било најдобро да не пробувате да го вратите на личноста која ви го подарила. Тој ваш чекор може (оправдано) да се интерпретира како обид повторно да стапите во контакт со него/неа.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар