Што научивме за љубовта во 2012 година?

За годината која изминува може да се каже дека е година која ја одбележаа разни истражувања, иновации и трендови. Ова се најинтересните резултати добиени од овогодишните студии поврзани со љубовта и сексот. Што научивме за љубовта во 2012 година?

40% од луѓето ја користат музиката за разменување нежни допири за време на сексот

Најдобриот додаток на секоја спална соба е музичката колекција. Според едно истражување на шведскиот музички сервис Spotify, 40% од луѓето сметаат дека слушањето музика го поттикнува разменувањето на нежни допири за време на сексот.

12% од мажите не го паметат роденденот на нивните сопруги

Британската компанија за здравје и убавина Superdrug спроведе анкета според која 12% од мажите не ги знаат или не ги паметат родендените на нивните сопруги. Истата анкета покажа и дека 11,39% од мажите не знаат кој број на градник носат нивните сопруги, а 23% не се сигурни за точната големина на фустаните кои жените ги посакуваат.

19% од жените кои имале предбрачни сомнежи се развеле во рок од 4 години

Истражувањето спроведено од страна на УКЛА потврдило дека идните младоженци мора да го сфатат бракот посериозно. Имено, 47% од мажите и 38% од жените признале дека имаат одредени сомнежи во врска со бракот. Околу половина од испитаничките се развеле по 4 години брачен живот. Што научивме за љубовта во 2012 година?

50-годишните преферираат заеднички живот наместо брак

Бројот на личности постари од 50 години кои се одлучуваат за заеднички живот наместо за брак е во пораст. До ваков заклучок дојде американското Списание за брак и семејство. Заедничкот живот на паровите кои учествувале во истражувањето траел околу 8 години и само 18% од нив се разделиле.

Среќата започнува на 33 години

Британската социјална мрежа Friends Reunited ве советува да не ја барате среќата во 20-тите години затоа што таа доаѓа подоцна. Вистинската среќа започнува на 33 години. На ова се согласија 70% од анкетираните постари од 40 години.

45% од жените се чувствуваат попривлечни после секс

Одредени истражувања спроведени на оваа тема покажаа дека високи 93% од жените се физички задоволни од себе, 67% се повесели, додека 45% се чувствуваат попривлечни по водење љубов. Што научивме за љубовта во 2012 година?

Најновото средство за контрацепција ќе трае 10 години

Научниците започнаа со клинички испитувања на најновото средство за контрацепција кое може да трае до 10 години. Превентивниот серум се инјектира во машкиот полов орган, а целата постапка трае околу 15 минути. Сепак, овој вид на контрацепција нема да биде достапен сè до 2015 година.

Хиперсексуалните личности менуваат просечно по 15 партнери годишно

Под хиперсексуални личности се подразбираат личности кои се зависници од секс. До оваа дефиниција експертите од УКЛА кои, исто така, утврдија дека хиперсексуалните личности имаат во просек по 15 партнери годишно.

25% од мажите ќе се оженат дури и ако нема љубовни искри меѓу партнерите

Анкетата што ја спроведе сајтот Match.com покажа дека 25% од мажите ќе се согласат на брак дури и ако воопшто не почувствуваат љубовни искри. Што научивме за љубовта во 2012 година?

Девојките сакаат лоши момци 7 дена во месецот

Тексашкиот универзитет во Сан Антонио направи истражување според кое постојат одередени 7 дена во месецот кога девојките сакаат лоши момци. Ова се случува кога девојките се во период на овулација и се залажуваат дека лошите момци еден ден ќе станат посветени партнери.

40% од студент(к)ите се состануваат со нивните поранешни партнер(к)и

Иако ова може да биде примамливо за обновување на старата романса, Универзитетот во Канзас направи истражување во кое учествуваа парови кои раскинувале и повторно биле заедно. Истражувањето покажало дека 40% од студентите се склони кон вакви врски, но и дека оние кои повторно биле заедно имале полош меѓусебен однос, биле понезадоволни и понесигурни.

46% од мажите сакаат да започнат заеднички живот со партнерката по една година состанување

Истражувањето кое било спроведено на оваа тема покажа дека мажите се поподготвени за заеднички живот, за разлика од жените. 46% од нив сакаат да живеат заедно со својата партнерка по една година состанување, во споредба со 26% од жените кои би се одлучиле на ваков чекор. Што научивме за љубовта во 2012 година?

46% од жените би се помириле со изневерувањето

Уште еден сајт оваа година спроведе истражување во врска со љубовта и изневерувањето. OurTime.com дојде до изненадувачки резултати според кои 46% од жените би се помириле со мажот доколку дознаат дека биле изневерени. Кај мажите оваа бројка изнесува 37%.

На 25% од луѓето им е здодевно во врската

Веб-сајтот Good in Bed спроведе анкета која покажа дека 25% од луѓето кои се во врска чувствуваат здодевност, а уште 25% се на работ на здодевноста. Затоа пак, 58% изјавиле дека би сакале да пробаат нешто ново во спалната соба. Што научивме за љубовта во 2012 година?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Ана Reply

    никако и никогаш нема да сфатам КАКО МОЖЕ сопругот да не и го запамти роденденот на сопругата си… прифаќам само ако има проблем со меморијата, датите или сл.
    Мислам, не мора да биде не знам како романтичен човек или што и да е, сепак се работи за еден обичен ДАТУМ…
    нека не е љубител на социјалните конвенции, ама СЕПАК…

    или пак можеби овие 12, колку и да беа, проценти, се некои луѓе со поинаков лајфстајл од просечниот читател на ваквите статистики…

Остави коментар