Што нарачуваат нутриционистите во различни ресторани?

Што нарачуваат нутриционистите во различни ресторани?

Во традиционалните ресторани каде што се нуди домашна локална храна, веројатно е полесно да се избере соодветен ручек или вечера, но што доколку одите во рестораните кои нудат егзотична храна? Во таков случај е најдобро да го замолите персоналот на ресторанот да ви каже детално што сè содржи порцијата што сакате да ја нарачате. Освен на вкусот, треба да се внимава и на калориите и на тоа колку храната е здрава за вашиот организам. Нутриционистката и водичот за здрава исхрана Марија Марлов го споделува своето искуство со рестораните и открива што таа вообичаено нарачува во различни ресторани.

1. Суши или нешто друго?

(1) Што би нарачал нутриционист за вечера во различни ресторани?

Доколку одите во јапонски ресторан, таму вообичаено се нарачува суши. Но, Марлов објаснува дека таа најчесто вечерата ја почнува со салата од алги, затоа што е вистински извор на калиум, железо, калциум и минерали кои особено ја зајакнуваат косата. Потоа, најдобро би било да нарачате сашими – еден вид сирова риба, но без оризот, кој вообичаено оди во традиционалното суши. Марлов посочува дека секогаш се обидува да добие риба којашто не е вештачки одгледана, затоа што таквата риба во себе не содржи антибиотици и хормони.

2. Во мексикански ресторан

(2) Што би нарачал нутриционист за вечера во различни ресторани?

За почеток нарачајте зачинето гвакамоле. Авокадото содржи здрави масти кои се добри за вашата кожа, а лутите пиперчиња ги согоруваат мастите и го забрзуваат метаболизмот. Но, Марлов советува наместо вообичаениот чипс што се послужува со гвакамолето, да побарате моркови или брокула, исечкани на ленти. Потоа добро би било да преминете на фахити или такос полнети со зеленчук. Доколку сакате екстра здрава вечера, нарачајте листови од марула, полнети со преливот предвиден за фахити или такос. Како додаток на ваквиот здрав избор, можете да нарачате ориз и грав, кои се одлична комбинација.

3. Во италијански ресторан

(3) Што би нарачал нутриционист за вечера во различни ресторани?

Прескокнете ги вкусните лепчиња или омилената паста. Сигурно си велите „Зошто да одам во италијански ресторан, ако не можам да нарачам шпагети или пица?“. Но, не заборавајте на прекрасните порции со морски плодови. Доколку сакате зеленчук, во чинијата полна со морски плодови, можете да нарачате и броколи на скара, спанаќ, леќа…

4. Ако се одлучите за пица

(4) Што би нарачал нутриционист за вечера во различни ресторани?

Обидете се да најдете ресторан каде што подготвуваат пица од безглутенско брашно, иако тоа можеби нема да биде лесен предизвик. Најдобро е за вечера да нарачате вегетаријанска пица, полна со печурки, кромид и маслинки, со малку сирење или кашкавал.

5. Кинеска храна

(5) Што би нарачал нутриционист за вечера во различни ресторани?

Кинеските ресторани се вистински рај кога станува збор за здрава храна, богата со зеленчук. Таму можете да нарачате интегрален ориз и броколи, но внимавајте на сосовите кои ги послужуваат. Сосовите со соја вообичаено содржат големо количество натриум, кој предизвикува чувство на подуеност. Исто така, во кинеските ресторани може да нарачате зеленчук подготвен на пареа, кнедли од ориз во сосови или ролнички од зеленчук.

6. Што да нарачате за доцен појадок?

(6) Што би нарачал нутриционист за вечера во различни ресторани?

Никогаш нема да погрешите доколку изберете омлет со зеленчук. Нарачајте јајца со броколи, лути пиперчиња, кромид и свежи зачини. Исто така добар избор се и печени или варени компири со салата, а особено се препорачува слаткиот компир (батат). Така ќе останете сити и ќе имате доволно енергија да го продолжите работниот ден. Можете да изберете и тост, но без путер. Како дополнителен извор на витамини, нарачајте и свеж сок од грејпфрут, кој е особено здрав за метаболизмот и може да ви помогне во намалувањето на телесната тежина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар