Што може да открие користењето на мобилниот за вашиот брак?

Што може да открие користењето на мобилниот за вашиот брак?

Според мислењето на експертите, во мобилните телефони, меѓу другото, се кријат и тајните на нашиот брак. Поточно, нашите навики за користење на мобилниот и содржините кои се сместени во него откриваат каков е нашиот брачен однос.

1-3-interesni-fakti-shto-koristenjeto-na-mobilniot-mozhe-da-otkrie-za-vashiot-brak-www.kafepauza.mk_

1. Колку често му се јавувате на вашиот партнер или му испраќате пораки, покажува дали вашиот брак е секојдневно на листата на приоритети

Без разлика на природата на работата, најсилните парови секогаш пронаоѓаат начин да се јават еден на друг во текот на денот, дури и кога распоредот им е пренатрупан. Дури и кратките интеракции им помагаат на паровите да ја негуваат поврзаноста, а експертите предупредуваат дека за квалитетен брачен однос секојдневната комуникација е задолжителна. Кој има време за ловење Покемони или следење на најновите вести во светот, и тоа како мора да има време и за комуникација со партнерот.

2. Криење на мобилниот укажува на недостаток на искреност и доверба во бракот

Ако партнерот секогаш го чува мобилниот тајно со себе, не ви дозволува да се приближите и е нервозен доколку се случи тоа, најверојатно крие нешто. Нема друго објаснување за оваа појава. Тоа не значи дека со сигурност е во прашање изневерување или друга личност во неговиот живот. Тајното однесување упатува на голем недостаток на доверба која може да произлезе од разни трауми и нерешени проблеми. Секако дека секој заслужува своја приватност и сигурно нема да му ги дадете на вашиот сопруг интимните СМС пораки со вашата најдобра пријателка, но за сè има граници.

3. Фотографиите се често доказ дали навистина сме присутни во својот брак

Некои личности целосно избегнуваат чување на сопствени фотографии во мобилниот телефон. Во тој случај сосема е нормално да не поседуваат ниту фотографија од својот партнер или партнерка. Меѓутоа, ако вашиот партнер има неколку папки со фотографии од неговите пријатели и други членови од семејството, а помеѓу нив нема место за вашите фотографии, туку нешто сепак не чини. Понекогаш не сме свесни дека наместо главна улога во нечиј живот ја играме онаа споредната. Во тој случај е потребно повеќе да комуницирате со партнерот за да сфатите зошто се случило тоа и како еден на друг повторно можете да си станете приоритет во животот.

Прелистајте ги заедничките фотографии и погледнете што можат заедничките фотографии да откријат за вашата љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар