Што може да направите во вашите 20-ти за животот да ви биде поубав во 30-тите?

Што може да направите во вашите 20-ти за животот да ви биде поубав во 30-тите?

Колку повеќе вложувате во себе на сметката на животот толку повеќе ви се исплаќа со текот на годините. Еве што може да направите во 20-тите години од вашиот живот за да живеете убав, исполнет и успешен живот во вашите 30-ти.

Што може да направите во вашите 20-ти за животот да ви биде поубав во 30-тите?

1. Најдете начин да вметнете физичка активност во секојдневието

Факт: со тек на време нема да ви се намалат обврските, напротив, ќе биде обратно. Затоа, без да наоѓате изговори дека немате време, најдете начин да го вметнете вежбањето во секојдневието, или макар неколку пати неделно. Не само за да ги „скинете“ тие неколку килограми вишок, туку за да се чувствувате подобро, поздраво, поцврсто и да влезете во вашите 30-ти со повеќе самодоверба.

2. Стекнете навика да пиете многу вода

Бидејќи пиењето вода во поголеми количини секојдневно прави чуда за вашата кожа, здравје и расположение. Едноставно е и не бара многу труд од вас, само пијте повеќе вода.

3. Одржувајте ги врските со луѓето

Научете се да одржувате врски во сите можни сфери во животот, во пријателствата, работата, професионални и роднински врски. Луѓето ви се потребни, тоа е факт. Ќе ви бидат потребни контакти за помош или едноставно луѓе на кои можете да им верувате. Не прекинувајте ги врските со луѓето само поради тоа што веќе не работите заедно, на пример. Како што растеме сфаќаме колку се важни контактите кои ги остваруваме.

4. Пробајте (колку и да ви е тешко) да не се грижите што другите мислат за вас

Сите знаеме дека не треба да се грижиме што другите мислат за нас, но никако не ни успева да не се грижиме воопшто. Почнете со мали чекори и пробајте да ја совладате оваа техника до 30-тите години од вашиот живот бидејќи ќе ве поштеди од многу главоболки. Луѓето ќе мислат што сакаат, вашата грижа не може да го поправи тоа, ниту пак да им го промени мислењето. Едноставно осврнете се кон оние кои ве сакаат и прифаќаат, живејте оригинално, давајте сè од себе и уживајте во тоа што го правите.

5. Стекнете навика да читате весници секој ден

Да, може и онлајн, само бидете информирани. Не само што ќе знаете за тековните случувања, туку и ќе добивате многу информации кои ќе ви послужат во секојдневието, ќе направат лесно да се вклопувате во друштво, да дискутирате, да формирате мислења и да научите нешто од општа култура. Не сме веќе мали и мора да бидеме информирани.

6. Преземајте ризици

Научете да стискате заби и одвреме-навреме да преземете по некој голем ризик од кој ви се тресат коските. Дури и да не ви се исплати ќе знаете дека сте пробале и ќе знаете што да направите различно во иднина. Плус, сигурно ќе бидете горди на себе за собраната храброст. Запомнете, оној кој не ризикува можеби не губи, но не ни добива.

7. Патувајте

Искусувајте, создавајте спомени, учете нови нешта, посетувајте нови места. Иако ќе мора да штедите многу за да си го дозволите посакуваното патување, сторете го тоа. Подоцна во животот нема да ви биде криво што сте патувале многу, може само да ви биде криво што не сте патувале повеќе.

8. Конечно, и овој пат вистински, научете се да се грижите за вашето здравје

Никој не е вечно млад, а со негрижата за вашето здравје не си правите услуга. Внимавајте на исхраната, физичката активност, и конечно ставете го вашето здравје пред вашиот изглед. Не е толку важно да изгледате секси колку што е важно да ви биде топло.

9. Грижете се за вашата кожа

Зошто брчките да ви се појават порано? Навикнете се да не излегувате на сонце без крема за соодветна заштита.

10. Помирете се со тоа дека нема сè да биде онака како што планирате

Ослободете се од притисокот и очекувањата. Животот е непредвидлив и никогаш не можете да го испланирате во чекор, колку и да се трудите. Колку побрзо го прифатите тоа толку подобро. Слободно планирајте и насочувајте се кон она што го сакате, но давајте си простор и знајте дека не секогаш излегува онака како што сте планирале. Можеби животот во вашите 30-ти нема да биде онака како што сега го замислувате – замислете, може да биде многу, многу подобар!

11. Прекинете ги врските кои не ви одговараат

Не сте принудени да бидете со некој/а кој/а не ве прави среќни. Подобро сторете го тоа во вашите 20-ти. Бидете одлучни за луѓето кои не се добри за вас. Заслужувате луѓе кои ве прават среќни и на кои во секое време може да се потпрете. Формирајте ваков круг.

12. Научете да готвите

Или омажете/оженете се со некој што знае. Домашната храна е поздрава, а и ќе ви заштеди некој денар.

13. Земете си домашно милениче

Научете како вистински да се грижите за некого чиј живот целосно зависи од вас. Дарувајте му љубов искрено и безрезервно, што ќе ве подготви за родителството. Плус, вашето милениче секогаш со гаранција ќе ви го разубави и најлошиот ден.

14. Научете да раководите со своите финансии како професионалец

Иако можеби не сте економисти по професија, станете махери за управување со вашите пари. Вложувајте внимателно, трошете паметно и штедете. Еден интересен трик е да замислите дека на располагање имате помала сума од вашата плата и да се држите до таа сума. Ќе ви биде мило кога на крајот на месецот ќе сфатите дека сте заштедиле некој денар.

15. Конечно прекинете ја љубовната врска која нема иднина

Ако реално знаете дека вашата врска нема иднина, тој/таа заслужува да знае, а вие заслужувате да си заштедите време. Во вашите 30-ти ќе си бидете благодарни за оваа одлука.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар